„Sony“ и „Nintendo“ ја суспендираа испораката на хардвер и софтвер во Русија - Канал 5

„Sony“ и „Nintendo“ ја суспендираа испораката на хардвер и софтвер во Русија

Јапонските компании „Sony“ и „Nintendo“ ја прекинаа испораката на нивните конзоли за видео игри во Русија.

„Sony“ и „Nintendo“ ја суспендираа испораката на хардвер и софтвер во Русија

Со тој потег, двете компании се приклучија на останатие странски корпорации кои ги повлекуваат своите услуги од Русија или во Русија, поради нејзиниот напад врз Украина.

„Sony“, чие филмско студио веќе ги суспендираше филмските проекции во Русија, ги запре испораките на своите игри во таа земја, додека „Nintendo“ објави дека го одложи глобалното објавување на играта „Advance Wars 1 + 2: Re-Boot Camp“.

„Sony“ истакна дека го суспендира лансирањето на „Gran Turismo 7“ во Русија, како и целиот бизнис на „PlayStation Store“ во оваа земја.

Во исто време, „Bungie“ исто така објави дека работи на суспендирање на продажбата и дистрибуцијата на играта „Destiny 2“ во Русија и Белорусија.

Пред ова, „Activision Blizzard“, „Epic Games“, „EA“, „CD Project Red“, „Ubisoft“ и „Take-Two“ ги прекинаа своите операции во Русија.

Исто така, „Microsoft“ и „Xbox“ ја суспендираа секоја нова продажба на нивните производи и услуги.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Фудбалската репрезентација на САД во осминафиналето го заврши својот мундијалски сон за висок пласман на првенството на кое е кодомаќин. 

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Репрезентација на Белгија во осминафиналето синоќа ги совлада САД со убедливи 4:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на 23 Светски шампионат.

За Белгијците овој успех и триумф е уште посладок, ако се замат во предвид контроверзиите кои го следеа овој дуел уште пред неговиот почеток.

ФИФА под притисок на американскиот претседател Трамп му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето.

Молбата од Трамп која првиот човек на ФИФА, Инфантино ја прифати предизвика без низ целиот свет кај скоро сите искрени љубители на буба-марата.

Секако успехот на Белгија во овој контроверзен меч предизвика хаос и на социјалните мрежи.

Официјалните канали на белгискиот тим на социјалните мрежи брзо испратија порака откако беше потврдена нивната победа од 4-1.

„Поништи го ова!“, пишуваше во објавите, по четвртиот гол кој го постигна Лукаку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реновирани две детски игралишта во Карпош

Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.

Целосно  реновирани две детски игралишта во Карпош

На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче.

На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, се изврши фарбање на урбаните елементи, се зацврстија подлогите на лулашките, се реновирааа клацкалките, лизгалките, а се заменија и старите дотраени дрвни конструкции.

Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Мисајловски на Самитот на НАТО во Анкара

Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација.

Министерот Мисајловски  на Самитот на НАТО во Анкара

Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина.

Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe).

Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер