„Sony“ ги зголеми цените на конзолата „PlayStation 5“ - Канал 5

„Sony“ ги зголеми цените на конзолата „PlayStation 5“

„Sony“ најави зголемување на цената на својата конзола „PlayStation 5“ за пазарите во Европа, Велика Британија, Јапонија, Кина, Австралија, Мексико и Канада.

„Sony“ ги зголеми цените на конзолата „PlayStation 5“

Најинтересна ситуација за нас е европскиот пазар, а според компанијата цената на „PS5“ конзолата во Европа е за 10 отсто повисока. Цената сега е 550 евра за моделот „Ultra HD Blu-ray“ (претходната цена беше 500 евра) и 450 долари за „PS5 Digital Edition“ (претходната цена беше 400 евра).

Компанијата ги наведува глобалните економски предизвици како главни причини за ова зголемување на цената.

„Се соочуваме со висока глобална стапка на инфлација, како и со неповолни валутни трендови, кои влијаат на потрошувачите и вршат притисок врз многу индустрии. Врз основа на овие предизвикувачки економски фактори, „SIE“ донесе тешка одлука да ја зголеми предложената малопродажна цена на „PlayStation 5“ на пазарите низ Европа, Блискиот Исток, Африка и други региони“, рече Џим Рајан, претседател и извршен директор на „Sony Interactive Entertainment“.

Иако „Sony“ ги зголемува цените на конзолата „PS5“, ситуацијата со понудата и залихите се уште е голем проблем на многу пазари. Од компанијата нагласуваат дека приоритет им е подобрување на состојбата со залихите на „PlayStation 5“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

Седум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг се показатели за економска стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати.

Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг.

Државниот долг сега изнесува 51,7% од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра.

Ова е јасен показател дека политиките на Владата даваат резултати и дека Македонија се движи во насока на финансиска стабилизација.

Позитивните трендови се потврдуваат и преку економскиот раст. БДП веќе седум квартали по ред бележи раст од над 3% проценти, што укажува на стабилна економска активност и зголемена доверба во економските политики.

За ВМРО-ДПМНЕ економијата не е статистика на хартија, туку подобар животен стандард, стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и сигурна иднина за граѓаните.

Додека претходната власт оставаше долгови, корупција и економски хаос, денес Владата работи на стабилизирање на државните финансии и создавање услови за економски раст.

Резултатите се мерливи. Долгот се намалува, финансиската стабилност се зајакнува, а државата конечно се управува домаќински.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за стабилна, економски силна и просперитетна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на  кампањата на Вучиќ

Прво Мицкоски.

Потоа Латас.

Сега Стоилковиќ.

Ист речник.

Иста поделба.

Иста стратегија.

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност.

Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник.

Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата.

Сега истата матрица се пресликува во Македонија.

Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“…

Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“.

Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас

Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село.

Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи.

Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери.

Целта е иста:

Да се обесхрабрат младите,

Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“.

Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи.

Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми.

Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ.

Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО.

Младите масовно си одат.

Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани.

„Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ.

Иста школа.

Исти ментори.

Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена.

Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото.

Во буџетот нема пари.

Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен.

Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите.

Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него.

Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат.

Затоа лета на екскурзија во Брисел.

Просторот се стеснува.

Граѓаните веќе сè знаат.

Последните подготовки се јасни:

Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми.

Дотогаш мора повторно да го поделат народот.

Мора да се подготват за предвремени избори.

Затоа што пари нема.

А други резултати нема, ниту ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер