Снимката на оваа жена е најголема мотивација што некогаш сте ја виделе (видео) - Канал 5

Снимката на оваа жена е најголема мотивација што некогаш сте ја виделе (видео)

Останала без раце и нозе, но не се откажува од своите сништа...

 Снимката на оваа жена е најголема мотивација што некогаш сте ја виделе (видео)

На Интернет кружи видео од девојка со инвалидитет која на многумина би им послужила како инспирација да го променат својот статичен начин на живот.

Седечкиот начин на живот и развојот на технологијата, за жал, наметнаа помала физичка активност кај луѓето, поради што сè повеќе луѓе се дебели или имаат некакви здравствени проблеми. Иако има сè повеќе луѓе кои и покрај секојдневните обврски наоѓаат начин да останат во добра физичка форма и барем да трчаат или да вежбаат во сала, постојат и многу лица кои поради неорганизираноста на обврските, недисциплираноста и мрзеливоста, не наоѓаат начин да одвојат време за себе.

„Планирам од следната недела“, „Само да завршам со испитите, проектот“, „Немам мотивација, во последно време сум некако безволна“ се класични реченици и изговори што ги слушате од луѓето кои ја оправдуваат својата неактивност. Меѓутоа, кога многу луѓе ќе го видат ова видео, сигурно ќе се премислат.

Имено, на Интернет кружи видео од девојка со хендикеп, кое на многумина би требало да им биде инспирација да го променат својот статичен начин на живот. Во видеото таа посветено тренира во теретана иако нема раце и нозе. Наместо нозе, има протези со кои оди и вежба на справите, а истото делумно го прави и со рацете, придржувајќи го товарот. Во оваа емотивна снимка се гледа истрајноста и волјата на младата девојка која крева тегови со помош на стомачните мускули и на тој начин ја одржува својата форма.

Видеото се појави на Инстаграм, а луѓето се согласија дека нема оправдување да не вежбате и да не бидете дисциплинирани и мотивирани.

-Не сакам да слушнам некого да се жали дека не може да вежба.

- Инспиративно.

- Таа.

- Мир.

- Каква ѕверка.

- Неверојатно - коментираат корисниците на мрежата.

Девојката од видеото без ничија помош, сама ги прави вежбите со голема самодоверба. Покрај вежби за нозете, таа прави и вежби за глутеалните мускули, за стомачните мускули и грбот, и преку својот пример покажува дека сè е можно и не постојат изговори што би го оправдале фактот дека понекогаш сме безволни и немотивирани. Примерот на оваа девојка со инвалидитет за многумина е поттик за тоа дека со труд и волја сè може да се постигне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

„Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица.

На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година.

Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот.

При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата!

Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.

Од полноќ нови цени на горивата!

Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати.

Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени:

Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар;

Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар;

Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар;

Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар.

Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Саудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадион вреден 2,5 милијарди долари, кој требаше да биде еден од објектите за Светското првенство во фудбал во 2034 година.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Доцнењата во реализацијата на „Неом“ (Neom) – клучен државен проект – поттикнаа сомнежи за иднината на некои од најамбициозните планови на Кралството. Изградбата на стадионот е ставена во мирување, според податоците на „MEED Projects“, платформа што ги следи градежните проекти во регионот.

Платформата го класифицираше проектот како привремено суспендиран, без одреден датум за продолжување на работите. Стадионот требаше да биде лоциран на надморска височина од 350 метри, во рамките на комплексот „Неом“ долг 160 километри, и беше замислен како еден од најсовремените спортски објекти за турнирот.

Саудиска Арабија ја поднесе својата кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2034 година, при што стадионот во Неом беше вклучен меѓу 15-те предложени локации. Според тогашните извештаи на MEED, стадионот требаше да има капацитет од 46.000 гледачи и да се гради како дел од проектот „The Line“.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ го додели правото за домаќинство на турнирот на Саудиска Арабија. На настанот ќе учествуваат 48 национални репрезентации, а тоа ќе биде првпат првенството да се одржи целосно во рамките на една земја. Стопирањето на изградбата на стадионот покренува прашања за иднината на „The Line“, централниот елемент од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Овој план предвидува целосна економска трансформација на земјата преку низа футуристички мегапроекти. Јасир Ал-Румајан, гувернерот на Фондот за јавни инвестиции (PIF) – кој управува со Неом – во април изјави дека „The Line“ повеќе не е приоритет и не се смета за клучен проект пред 2030 година. Сепак, тој тогаш не потврди експлицитно дека некој дел од проектот е откажан.

Од друга страна, саудиското тело одговорно за организација на турнирот во 2034 година тврди дека реализацијата на клучните градежни проекти за настанот е веќе во тек, наведувајќи фотографии од работите на другите стадиони како доказ.

Одлуката е донесена неколку месеци откако беше запрена изградбата на „Мукаб“, масивен облакодер во форма на коцка, наменет да биде централен дел од новиот кварт Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, PIF се префрла од екстремно скапи мегапроекти кон инвестиции за кои се очекува да донесат побрзи финансиски приноси.

Одлуката во врска со Неом се совпаѓа со растечките економски и безбедносни предизвици за Саудиска Арабија. Извозот на енергија е нарушен поради конфликтот во кој се вклучени САД и Израел против Иран, додека јеменските Хути често ја напаѓаат саудиската инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер