Скринингот во градинките во полн ек, објектите подготвени да ги отворат вратите за децата

Додека негувателките се тестираат, градинките се подготвуваат за да ги примат дечињата. Речиси во сите скопски градинки се врши дезинфекција на просториите, креветчињата и играчките.

Скринингот на негувателките и останатиот персонал во градинките се одвива непречено, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Откако скрингот ќе заврши се очекува градинките да ги отворат вратите за дечињата.

Сепак, за ова да се случи, зелено светло треба да дадат здравствените власти и епидемиолозите. Од општина Центар велат дека во меѓувреме сите установи треба да ги спроведат здравствените и безбедносни протоколи за децата да бидат заштитени.

-Тој процес не зависи од нас, туку зависи од Комисијата за заразни болести која што дава препораки до Кризниот штаб, до Владата која пак носи уредби. Очекуваме дека со одредени мерки на претпазливост треба да се донесат уредбите за децата да можат да се вратат во градинките. Тоа ќе биде олеснување за сите оние родители кои останале дома за да ги чуваат своите деца, за да можат и тие да се вратат на работа. Нам ни е важно да бидеме припремени, па подготвени да можеме да ги примиме дечињата, кога и тоа да се одлучи, изјави Саша Богдановиќ градоначалник на о. Центар.

За десеттина дена пак, се очекува да започнат уписите на првачињата. Од Министерството за образование за Канал 5 велат дека нема да има отстапки во однос на задолжителните потврди.

-По однос на потребните документи, новиот Закон за основно образование предвидува родителите да достават потврда за задолжителни примени вакцини и за извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа, а за детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ - Меѓународна класификација нa функционирање, попреченост и здравје.-Министерство за образование

Пандемијата ги одложи уписите за во прво одделение, па наместо во мај, тие се поместија за во јуни. Ваквата одлука се донесе со уредба со сила на закон усвоена од Владата.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер