„Скопскиот маратон" се одложува за 4 октомври 2020

Вирусот Ковид-19 ги одложи и спортските случувања во нашата земја, па „Виз Ер Скопски маратон", кој беше планиран да се одржи на 10 мај, се одложува за 4 октомври 2020 година.

– Иако вие тркачите, исто како и ние, се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со Корона вирусот, Ковид-19, како кај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги презема нашата Влада, заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година. „Трчањето ќе те промени" е мотото на овогодинешниот маратон, затоа седете дома, бидете безбедни, за во октомври заедно во полно здравје да го истрчаме 16-тиот Виз Ер Скопски маратон, соопштуваат организаторите на „Виз Ер Скопски маратон".

Од таму известуваат дека сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои причини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени следниве опции: промена на постоечката регистрацијата на друго име за 4 октомври 2020 година; откажување на регистрацијата за 2020 и добивање бесплатна регистрација за 2021 година; откажување на регистрацијата за 2020 и учество на Виртуелна онлајн трка 2020.

– Сите овие опции ќе бидат можни да се реализираат со рок до 31 јули 2020 преку порталот за регистрација. Деталите ќе бидат објаснети директно до секој учесник со испраќање на имаил порака со конкретни упатства како да ја одберат посакуваната опција доколку не се во можност да учествуваат на 4 октомври 2020. Пријавувањето останува отворено до 15 септември 2020 година. Повеќе информации на www.skopskimaraton.com.mk, информираат организаторите.

Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон" на сите граѓани им посакуваат во овие моменти да останат во своите домови и да го чуваат своето здравје и според своите можности да ја одржуваат својата кондиција, како и да ги почитуваат препораките од надлежните институции. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер