3МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
1Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
Култура„Синедејс“ нуди нови филмски доживувањаПогледнете која е понудата и изберете нешто.„Позата на детето“, овогодинешниот добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал е во кино Миленум во 17.30. „Позата на детето“ е драма фокусирана на извитоперената поврзаност на една мајка со својот син. Шеесетгодишната Корнелија (Луминита Георгиу) води привилегиран живот и ужива во социјалнатa моќ и богатство. Но, најмногу посакува нејзиниот 34-годишен син Барбу (Богдан Думитраче) да одговори на нејзината наклонетост. Сепак тие едвај зборуваат, а доминантната Корнелија за тоа ја обвинува девојката на Барбу. Но кога тој е вмешан во автомобилска несреќа и прегазува дете, Корнелија влегува во неговиот живот. Зграбувајќи ја шансата повторно да ја врати контролата, таа почнува застрашувачки добро организирана кампања за да го спаси својот син од затвор. Во 20.00 во кино Милениум премиера на „Само љубовниците остануваат живи“ последното дело на реномираниот режисер Џим Џармуш. Фимот кој беше номиниран за Златна палма на Канскиот филмски фестивал е несекојдневна приказна за Том, вампир којшто заработува како музичар и љубовта на неговиот живот, Ив (Тилда Свинтон), која исто така е вампир. Во рамките на Гала програма во 22.30 кино Милениум се прикажува „Големиот мајстор“ - долгоочекуваниот нов филм на реномираниот режисер Вонг Кар Ваи. Идејата за ова дело била разработувана шест години, а реализацијата траела три години. Се работи за епска акциона приказна инспирирана од животот на легендарниот кунг фу мајстор, Ип мен (Тони Леунг), кој бил учител и на Брус Ли. Приказната се одвива во хаотичната републиканска ера која доаѓа по падот на последната кинеска династија. Тоа е време на поделба и војна и воедно златен период за кинеските борбени вештини. „Големиот мајстор“ е сниман на вчудоневидувачки локации меѓу кои и снежните предели на Североисточна Кина и суптропскиот Југ Филмовите од официјалната селкција се прикажуваат во кино Фросина, МКЦ. Во 19.00 часот е британскиот „Шел“. Шкотска, сурова и ветровита. Бензинска пумпа во периферијата. Татко – интровертен епилептичар и неговата седумнаесетгодишна ќерка живеат во физичка и емотивна изолација… Филмот со својот минималистички концепт резултира како темелна и провокативна ликовна студија. Отсуството на емоции само дополнително ја засилува филмичната структура на еден затворен и речиси апстрактен свет. Храбро и контролирано авторите на филмот нурнале во длабините на отадниот свет на постоењето. Снимен во манирот на Догме, ваквиот концепт има високо артистичко покритие. Бугарскиот филм „Бојата на камелеонот“ е во 21.00 часот. Батко (Русен Видинлиев) е главната „батка“ во филмот. Неговата тетка, пред да почине, му соопштува дека таа всушност е негова мајка… за подоцна лекарот да му соопшти дека таа починала како вирго интакта… Вовед кој го води филмот во жанрот на комедијата, за набргу да галопира во комплексна сатира, а да финишира како шпионска црна комедија, користејќи ги сите елементи за нејзино засилување: секс, конспирација, корупција, заговор. Со овие атрибути, на кои штедро се додадени хуморот, возбудливите дијалози преполни со литературни, филмски и политички шеги и алузии, овој филм секако е во друштво на филмови кои со задоволство се гледани. Во рамките на придружната програма на 18 и 19 InActo/Филмскиот фонд на Македонија - „Зачетоци на еден филмски маркет“. Со минатогодишната „Ревија на италијански филм“, фестивалот на европски филм CINEDAYS започна соработка со Италија и торинската филмска комисија која оваа година се трансформира во зачеток на филмски пазар помеѓу Италија и Македонија. Основната цел на оваа иницијатива е развивање и зајакнување на деловната соработка помеѓу припадниците на филмскиот сектор од двете земји. Поддржано од Филмската комисија на Торино, Пиемонт и во организација на InActo Event&Management и Здружението за поддршка и промоција на културата Континео, оваа година на филмскиот пазар ќе се претстават селектирани продукциски и дистрибуциски куќи кои се во потрага по ко-продукциски активности, проектни соработки и размена на професионални услуги од филмската област. Дел од оние кои ќе се претстават на филмскиот пазар се независниот продуцент Џанлука Аркопинто со „Пабло продукција“, Серџо Стивалети со специјализираната продукција за визуелни ефекти „Апокалипс“ и Андреа Чирла со дистрибуциската куќа „Гуд филмс“. Настанот е под медиумско покровителство на Tekla TV и италијанскиот портал за филмски вести Cinemaitaliano.info. Во Џебно кино Фросина на програмата се Музичките документарни филмови, а во Кинотека на Македонија филмовите од Африканската кинематографија. Повеќе информации на www.cinedays.mk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства. „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески. Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите. На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНевреме во Франција: Обилни врнежи,поплавени куќи,евакуирано население,затворени патишта Четири департмани во јужна Франција се под портокалово метеоролошко предупредување поради обилни дождови и ризик од поплави, додека во текот на ноќта на југот на Корзика беа евакуирани 73 лица, соопштија денеска надлежните служби.Метеоролошката служба „Метео-Франс“ (Meteo-France) го прошири предупредувањето и на департманите Еро (источниот дел) и Гар (јужниот дел), кои им се придружија на Корзика и Горна Корзика, објави телевизијата БФМ (BFM TV). Предупредувањето е на сила од 10 часот утрово, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста тоа да се подигне на повисоко ниво, доколку силните невремиња продолжат во истите области. Префектурата на Корзика соопшти дека синоќа биле евакуирани 73 лица, кои се сместени во спортска сала во Порто Векио. Предупредувањето до жителите и лицата кои престојуваат во општините Порто Векио и Сари-Солензара било испратено уште од седум часот наутро. Обилните дождови што ја зафатија областа Порто Векио од средата доведоа до загрозување на многу луѓе, при што се спасени 20 лица, меѓу кои и едно лице извлечено од возило што било однесено од водената стихија, соопштија од противпожарната служба на Јужна Корзика. Исто така, поплавени се 10 куќи, додека неколку патишта се затворени поради прелевање на вода преку мостовите во областа Порто Векио, Сото и Фигари.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни местаМинистерството за образование и наука и Европската банка за обнова и развој потпишаа Меморандум за разбирање со цел да го поддржат развојот на квалификации и програми за обука за секторите за управување со отпад и циркуларна економија.Партнерството ќе придонесе за подготовка на стандарди за занимања и квалификации, наставни планови, наставни програми и програми за обука, во согласност со Националната рамка на квалификации во Македонија. Соработката ќе ги зајакне капацитетите на образовните институции и давателите на обуки за спроведување програми што ќе им ги обезбедат на луѓето потребните вештини за современ, безбеден сектор за управување со отпад, усогласен со стандардите на Европската Унија. Воспоставувањето на оваа соработка е дел од програма финансирана од Европската Унија, поврзана пак, со Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран од ЕБОР. Проектот ја поддржува изградбата на санитарни депонии усогласени со европските стандарди, претоварни станици и набавка на нова опрема во регионите Пелагонија/Југозапад, Полошкиот и Вардарскиот/Југоисточниот Регион. Современиот систем за управување со отпад не зависи само од новата инфраструктура, туку и од квалификувана работна сила способна ефикасно да управува со системот, да го одржува и да го користи. Во таа насока, иницијативата ќе поддржи креирање нови образовни патеки за учениците во средните училишта, наставниците, невработените лица, работниците кои сакаат да стекнат нови вештини и возрасните со соодветно техничко искуство, вклучително и лицата кои се соочуваат со пречки во пристапот до формалното образование и вработување. „Со воспоставувањето на оваа соработка ќе дадеме значителен придонес кон развојот на систем за правилно управување со отпадот и дефакто придонес кон намалување на загадувањето на средината. Важна е инфраструктурата, но подеднакво важен е и кадарот. Ќе создадеме стручен кадар кој е потребен за постојните, но и за многу нови т.н. зелени работни места што во иднина ќе се отворат“, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по потпишувањето на меморандумот. „Современата инфраструктура за управување со отпад бара квалификувана и инклузивна работна сила за да се остварат целосните еколошки, економски и социјални придобивки. Ова партнерство ќе помогне Регионалниот проект за цврст отпад да се преточи во долгорочни можности за луѓето, почнувајќи од основни обуки за оператори за управување со отпад, па сè до квалификации за технички и раководни позиции. Инвестирањето во вештини е од суштинско значење за развој на циркуларна економија усогласена со стандардите на ЕУ и за обезбедување директни придобивки за заедниците од оваа значајна инвестиција“, изјави Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Македонија. Шефот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Стефано Елеро истакна: „Транзицијата кон модерен, одржлив систем за управување со отпадот, усогласен со стандардите на Европската Унија, подразбира многу повеќе од изградба на инфраструктура – таа значи создавање можности за луѓето и обезбедување услови сите да имаат придобивки од зелената транзиција. Преку ова партнерство инвестираме во вештините, знаењето и капацитетите потребни за развој на квалификувана работна сила, истовремено промовирајќи инклузивни и општествено одговорни можности за вработување. Со поврзување на образованието и обуките со потребите на секторот за управување со отпадот, кој е во развој, како и со интегрирање на принципите на општествена одговорност во процесите на јавни набавки, можеме да обезбедиме оваа инвестиција да донесе долгорочни еколошки, економски и социјални придобивки. Нашата амбиција е зелената транзиција да биде не само одржлива, туку и инклузивна, при што никој нема да биде изоставен.“ Министерството, ЕБОР и релевантните партнери од областа на образованието, обуките и секторот ќе формираат заедничка работна група за развој на квалификации и програми за обука што ќе одговорат на оперативните, техничките и менаџерските потреби на новиот регионален систем за управување со отпад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter