Шокантно! Оваа жена е сопственичка на најголемите гради во Велика Британија (фото) - Канал 5

Шокантно! Оваа жена е сопственичка на најголемите гради во Велика Британија (фото)

Британската манекенка Ники Валентина Роуз  (26) толку е оптоварена со големината што е горда поради тоа што е сопственичка на најголемите гради во Велика Британија.

 Шокантно! Оваа жена е сопственичка на најголемите гради во Велика Британија (фото)

Ники Валентина Роуз на операции за раскошно деколте досега потрошила дури 40 000 фунти (околу 44380 евра).

Ники моментално има гради со големина од 34 НН според британските мерки. Таа при последната операција во секоја дојка вбризгала по 5000 кубици и секоја и е тешка по 8,8 килограми.

-Пресреќна сум поради моите големи гради. Тоа е нешто што го посакував уште од кога бев тинејџерка. Ги имам најголемите гради во државата. Фасцинирана сам од големите гради“, вели Ники Роуз, која тврди дека ќе извади неколку ребра за да може уште повеќе да ги зголеми градите.

Am all about the letter B with the dollar sign

A post shared by NVR (@vip_glamour_x) on

A post shared by NVR (@vip_glamour_x) on

Had amazing Bank holiday weekend 💋now back on the grind 💅🏼

A post shared by NVR (@vip_glamour_x) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево.

„Добар ден и од мене.

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево.

Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај.

Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија.

Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани.

Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење.

Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Патнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао.

Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица.

Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето.

Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот.

Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето.

Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог.

Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат.

Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%.

Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок.

Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%.

Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот.

Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго.

А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер