„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклите - Канал 5

„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклите

„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклите
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударство

Металите се предуслов за современите технологии, зелениот раст без пристап до суровини е неодржлив. 

Ден на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударство

На Македонија ѝ е потребно рударство како предуслов за остварување на зелената транзиција, истакна научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настанот посветен на Денот на рударите. Дединец нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“, а ваквиот пристап отвора простор за развој на проекти со современи технологии и високи еколошки стандарди, при што економските придобивки од минералните ресурси би се комбинирале со одговорност кон животната средина. Во тој контекст, тој смета дека „Иловица-Штука“ може да биде еден од проектите преку кои „ќе се тестира примената на принципите на одржливото рударство во Македонија“.

„Имаме што да понудиме.. Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот,среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број нанаметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење. Тоа е потенцијал кој не треба ниту да го преценуваме, но ниту да го игнорираме. Треба паметно да го истражиме, да знаеме со што располагаме и да знаеме под кои услови треба да се користи.“- Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ

Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Кај новите инвестиции активен е проектот за ископ на критичен минерал – рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот го најавува проектот како најголема странска гринфилд инвестиција од над 340 милиони евра само во првите две години и би можел да ја позиционира компанијата меѓу трите најголеми извозници во земјата.

„Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. - Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ

Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен, вели научната фела.

Економското влијание на рударството не завршува на портите на рудникот. Еден рудник создава работа и за транспортни компании, градежништвото, машинската индустрија, лабораториите, инженерските и проектантските компании, локалните добавувачи и голем број мали и средни претпријатија, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.

Инаку, според последните податоци, во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарите апелираат да не се игнорираат евентуалните промени на кожата по летните одмори

Летото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата.

Лекарите апелираат да не се игнорираат евентуалните промени на кожата по летните одмори

Секоја промена на кожата, рана која не зараснува две до три недели, пигментација која што не постоела се шири во должина и ширина има крварење, треба да биде аларам за јавување на кожен доктор или на пластичен хирург, со апел доктор Маргарита Пенева од клиниката за пластична хирургија. Најчесто реакциите на граѓаните се по завршување на летото и летен одмор кога кожата е подоложна на сончање. Но прегледите треба да се редовни преку цела година, да се следи фамилијарната состојба доколку има појава на меланом или канцер на кожа, луѓето со светол тен и светли очи треба почесто да се прегледуваат и неколку пати во годината, објаснува доктор Пенева.

„Но најдобро е да кожата редовно да се прегледува, да се прават тие превентивни прегледи во текот на којшто се откриваат кожните карциномски промени се откриваат во најрана фаза. Во таа фаза лекувањето е наједноставно за пациентот и за лекарот и прогнозата е најдобра“ вели „д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија.

На клиниката за пластична хирургија во голем број случаи граѓаните доаѓаат навреме и резулатите се одлични, но има дел кои доѓаат доцна и многу често користеле одредени надри лекови што дополнително ја комплицираат состојбата, објаснува доктор Пенева.

„Пациентите се почесто доаѓаат во порана фаза на кожните карциноми. Иако, го имаме и другиот крај на спектарот кога некои промени се третираат со надрилекарства или пациентот не се јавил подолго време на лекар. Од 3.18 Кога некоја промена на кожата ќе се изгори, потоа и ние да ја отстраниме таа е уништена и не можеме точно да знаеме за каква промена или кожен карцином станувало збор. И тие се тие промени што се случуваат доколку имало лекување со надрилекарство“, објаснува д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија.

Летото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата, со порака доктор Пенева.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?

Исланд утре пред одлука – за или против обновување на преговорите за членство во ЕУ. 

Утре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?

По повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, граѓаните на референдум ќе се изјаснат дали земјата да го продолжи европскиот пат. Ова според проценките е првиот чекор на тамошната Влада која сака да го приближи Исланд кон Брисел. Но пред клучниот ден нацијата е поделена. Според последната анкета резултатот засега е неизвесен. 46 отсто од граѓаните се за продолжување на преговорите, исто толку се против, а околу осум отсто сè уште немаат одлучено.

За Исланд едно од најчусвствителните политички прашања е контролата врз сопствените води и рибните ресурси, а граѓаните се поделени и околу воведувањето на еврото како валута наместо исландската круна, како и за трансферот на моќта за донесување одлуки на Брисел.

-Според мене мислам дека најважно е дали имаме нешто да кажеме за нашите ресурси и колкава моќ и даваме на ЕУ. Мислам дека е важно да сме свесни што губиме, а што добиваме.

- Мислам дека е многу важно што размислуваме, јас барем размислувам, за иднината, за моите деца и внуци. Сакам да имаат можности, помали такси, полесна валута како што е еврото наместо круна. Мислам дека е постабилно за нас. Ние сме мала нација и повеќето од поголемите компании користат евра. Па, зошто да не и јавноста?

-Мислам светската клима се менува. Мислам дека вреди барем да се погледне што друго се нуди таму, бидејќи ние сме мала нација, дали може да стоиме сами во менувањето на климата на светот, се дел од ставовите на Исланѓани.

Најтешкото прашање во јавноста, сепак, останува рибарството. Рибарската индустрија, столб на економијата на Исланд и симбол на националниот идентитет, се плаши дека Заедничката политика за рибарство на ЕУ ќе ги отвори исландските води за странски флоти.

-Имаме 100 посто од профитот во Исланд и сакаме така и да остане. Тоа се нашите загрижености, ако се придружиме во заедничката рибарска политика со ЕУ овој синџир на вредности, кој го генерира целиот овој профит за исландската популација, дека тоа ќе биде растргнато, велат дел од експертите.- Хеидрун Мартејнсдотер – експерт за рибарски сектор

Исланд е специфичен кандидат бидејќи веќе е силно интегриран со Унијата. Земјата е дел од Европската економска област, учествува на единствениот европски пазар и е членка на Шенген. Исланд ги напушти преговорите со ЕУ во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер