СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир - Канал 5

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

​Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал.

 СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.

Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани.

Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење?

Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?

Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски.

Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност.

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?

Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби.

Одговорност мора да има.

Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева - советничка

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Димитар Апасиев подобро познат како Димче е во „политичка нирвана“ додека сите сериозни македонски партии се огласија по повод негацијата на македонштината од страна на Бугарија во Европскиот парламент, и ти да не си во КАТАРЗА?

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Просто е неверојатно како македонски академски граѓанин кој истовремено е и политичар и се обидува да го завземе централниот извршен трон на домицилната власт, не се осмелува да и одговори на бугарската политичка елита, која според мене, користи “модерни“ верзии на алатките на Гебелс а се' со цел - да го негира нашиот идентитет со сите негови атрибути.

И да, ако се прашувате, точно е, пишувам за Димитар Апасиев и неговите 5мина пратеници, јавачи на апо..пардон, на Dapple, магаренцето на Мигуел Сервантес од неговото најпознато дело.
Димитар, убеден сум дека имаш грст раце со новокреираниот стартап со посета на гробиштата, кој би требало да го именуваш како - „летен гробарски камп“ , при што веројатно најголеми барање ти и ќе ти доаѓаат за посета на гробот на Енвер Хоџа...сепак најди време да ги замолиш комрадите од Москва, ако ти се толку блиски како рускиот амбасадор овде, да им сугерираат на твоите нови „пријатели“ ( корегирај ме ако грешам за ова ) - Бугарите - да не те нарекуваат тебе и твоиве „Северномакедонци“.

Патем, те чекам во септември на „кавга“ кај мене во канал 5 ТВ, а во меѓувреме ти препорачувам да земеш по еден фуфкомицин дневно.

П.С. Гратис стартап идеја за тебе: Секој турист кој ќе се пријави за твојот бизнис - „летен гробарски камп“ а ќе биде носител на партизанска споменица, да му дадеш 50% попуст !

Уреднички коментар: Иван С. Мирчевски

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја пофали идејата за лансирање на европскиот фонд насочен кон мобилизирање приватни инвестиции за обнова на Украина, нагласувајќи дека огромните трошоци за обнова не можат да се финансираат само од јавни извори.

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

За да се обезбедат потребните средства за обнова, Германија, Франција, Италија и Полска, во соработка со Европската инвестициска банка и Европската комисија, ќе соберат средства од Европскиот фонд за обнова на Украина.

Мерц нагласи дека целосно ја поддржува целта на овој фонд - мобилизација на големи приватни инвестиции што ќе овозможат закрепнување и модернизација на украинската економија.

Отворањето на фондот означува значаен чекор во обезбедувањето одржливо финансирање за долгорочна обнова на Украина, која се соочува со предизвици поради уништувањето предизвикано од војната.

Приватните инвестиции ќе играат клучна улога во процесот на закрепнување на Украина, бидејќи ќе овозможат економски раст и развој на инфраструктурата, а во исто време ќе ја намалат зависноста од исклучиво јавно финансирање.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година.

Седницата треба да продолжи во 13 часот и 50 минути.

На дневен ред останаа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила и на Законот за здравствено осигурување двата по скратена постапка.

Пратениците во рамките на 59. седница треба да ги разгледаат и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог закон за изменување на Законот за научно-истражувачка дејност, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни систем и предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство сите по скратена постапка.

притисни ентер