Македонија СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕБране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата. Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и лицемерието на нивната партија. Година и пол неспособните од ВМРО-ДПМНЕ ја замајуваат јавноста, со хибридни напради, со дестабилизации, со дронови и измислени афери кои и пропаднаа една по една. Причирната е јасна, друго не знаат да сработат и да понудат. Му порачуваме на Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ дека се прочитани и дека граѓаните овие нивни лаги веќе не ги слушаат. Наместо решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ понуди само црна кампања против опозицијата, очајна стратегија на неуспешни и пропаднати политичари кои за година и пол докажаа дека власт не ја заслужуваат. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа лажна и лицемерна власт и нема да влегува во калта во која тие се чустуваат комотни. Ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето, за платите кои не ги качуваат, за партизацијата која брутално ја прават, за блокираните реформи во секоја сфера, за криминалот и корупцијата која ја јаде државата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина испраќа порака до САД и Иран: Стоп на ескалацијатаПортпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес објави на својот „X“ профил дека „фактите покажуваат дека воените средства не обезбедуваат решение за конфликтот на Блискиот Исток“.Лин оцени дека произволната употреба на сила само ќе го комплицира проблемот и рече дека во критичната точка од преговорите меѓу Иран и САД, никој не треба повторно да разгорува воен конфликт. „Суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот мора да се почитуваат и поддржуваат“, се вели во објавата на Лин на „X“. Тој рече дека Кина ги повикува сите релевантни страни да останат смирени, да покажат воздржаност и да престанат со секоја конфронтациска акција што може да го ескалира конфликтот. „Кина ги повикува сите страни во конфликт да преземат конкретни активности за смирување на ситуацијата, да ги решат споровите преку политички и дипломатски средства и да работат кон рано реализирање на сеопфатен и траен прекин на огнот“, рече Лин. Извор: Б92Тагови: Иран Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
АвтомобилизамОпел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евраОпел ќе инвестира повеќе од милијарда евра во Германија до 2030 година, објави Стелантис, со цел зајакнување на производството и развојот на нови модели на европскиот пазар.Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон производство на моделот Астра од следната генерација во фабриката во Риселсхајм, седиштето на Опел, објави Ројтерс. Стелантис оцени дека овој потег ја потврдува долгорочната посветеност на германскиот пазар и важноста на Опел во стратегијата за развој на групацијата во Европа. Компанијата планира да лансира најмалку четири нови модели до крајот на деценијата, вклучувајќи ги наследниците на популарните модели Астра и Корса, како и нов компактен теренец развиен во соработка со кинескиот производител „Leapmotor“. Директорот на Стелантис за Европа, Емануел Капелано, изјави дека инвестицијата во новата генерација на Астра е јасна потврда за важноста на Германија како индустриска база на компанијата. Според компанијата, сегментот на компактни автомобили сочинува приближно 30 проценти од вкупниот европски пазар на возила и е еден од клучните сегменти за идниот раст на групацијата. Најавената инвестиција е дел од поширокиот бизнис план на Стелантис од 60 милијарди евра, откриен минатиот месец, кој предвидува развој на 60 нови модели до 2030 година, вклучувајќи хибридни возила и целосно електрични автомобили. Извор: Б92Тагови: опел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностСончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од четврток попладне, ноќта кон петок и петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter