Почитувни гледачи повеќе или помалку ревносни за здравствените последици од коронавирусот, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Ване Цветанов и Оливер Андонов.
Цената на нафтата во светот вртоглаво опаѓа, во Македонија поскапува, дали некој можеби профитира во вонредна состојба?
Австрија најавува отварање на кафеаните, можно ли е прераното „опуштање“ да го повтори „корона“ сценариото?
Како македонската економија ќе излезе на крај со пандемиските последици?
Можно ли е владејачката партија да го убеди спикеорт Џафери да со свика Собранието?
Дали родителите можат ефективно и ефикасно да го поддржат учењето на своите деца и колку коронавирусот ќе го чини образованието?
Дали релаксираните мерки ќе ги релаксираат и граѓаните, што научивме од оваа пандемија, вечерва со Ване Цветанов и Оливер Андонов во Само Вистина, на Канал 5 Телевизија.