„Само Вистина“ вечерва со Стевчо Јакимовски и Зоран Димитровски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Стевчо Јакимовски и Зоран Димитровски.

Почитувани гледачи до кога ќе ги трпиме „техничките“ последици од техничката влада, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Стевчо Јакимовски претседател на Гром и Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократски сојуз.

Кривата на заболени расте, угостителите бараат да примаат гости и во затворено, го нападна ли "корона" и нашиот ментален склоп?

Епидемиолозите алармираат -цели семејства криеле симптоми и одбиваат тестирање, што уште треба да се случи за да сфатиме дека вирусот не е „импровизација“?

Борба за гласови или вистинска грижа за здравјето, направи ли некој „намерен пропуст“?

Дали по 28 години „лутање“ , на 5-ти Јули Македонија ќе го добие својот Робинзон Крусо, вечерва на пултот резервиран за Само Вистина со Стевчо Јакимовски и Зоран Димитровски, на Канал 5 Телевизија.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер