Граѓани и Граѓанки, среќниот ден од неделата резервиран за уште една „Само вистина“. Вечерва своите копја на вистината ќе ги кршат претседтелката на партијата Глас за Македонија Солза Грчева и новинарот Зоран Иванов.
Амнестијата за 27-ми април е уставна, „Рекетот“ мирува, Законот за јавно обвинителство тензии разгорува, власта или опозицијата, кој сака да „ќари“ политички поени со Преспанскиот договор?
Дали пред прагот на ЕУ ќе се најдат македонски херои да го „проветрат“ судството?
Може ли „студентскиот оброк“ да ги спречи младите да заминуваат во странство?
На Солза Грчева и е „преку глава од политичка волја ако немаме ефикасен систем на “злосторство и казна“ “,новинарот Зоран Иванов пак е на став дека Владата се однесува како судија во битката меѓу криминалците.
Дали фаќањето на крстот во Штип го манифестира македонскиот менталитет или забрзаната дигитализација може да не’ направи попаметни?
Власта со аргументи за напредок сака да остане во фотелјите на Илинденска, опозицијата се чини дека со „црна кампања“ сака да се врати на власт, а каква предизборна реторика не чека , погледнете го вечерашниот римеч под жешките рефлетори каде се слуша и гледа „Само встина“ со Солза Грчева и Зоран Иванов, на Канал 5 Телевизија.