Веб ТВ„Само Вистина“ со Зоран Димитровски и Љупчо Зиков - 14.04.2026 - 1 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДенеска се очекува електронско потпишување на примирје меѓу САД и ИранНуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма.Додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на воените дејствија и отварање на Ормутскиот теснец ќе биде потпишан денеска – на неговиот 80ти роденден, Иранското министерство за надворешни работи ретерира за временскиот рок на потпишувањето, притоа не исклучувајќи ја можноста потпишувањето да биде во наредните денови. Нуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма. -Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја собереме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали во Иран или во Соединетите Држави. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и со целиот Блиски Исток, долго во иднина. Се надеваме дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!- Доналд Трамп, претседател на САД Во меѓувреме, кон медијаторските напори на Пакистан се приклучија и катарски преговарачи во обид да го забрзаат финализирањето на Меморандумот чие потпишување според најавите ќе се одвива виртуелно, по што ќе започне 60 дневен период на преговори од втората фаза, што според аналитичарите ќе биде долга и макотрпна. -Бидејќи дури и ако го парафирате овој договор, можеби во присуство на Г7, или можеби дигитално утре или следниот ден, она што сте го направиле е да си купите билет од двете страни за преговори, кои ќе бидат долги и мачни, во кои ќе бидат разгледани празнините околу основните прашања, што да се прави со 900 фунти високо збогатен ураниум, што да се прави во врска со конечното располагање со теснецот, што е со ублажувањето на поморската блокада, што е со замрзнатите средства, меѓусебните безбедносни гаранции, олеснувањето на санкциите и целото прашање за капацитетот на Иран да збогатува.- Арон Дејвид Милер, виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир Според светските медиуми, нацрт-условите во Меморандумот укажуваат дека САД ќе почнат да ослободуваат милијарди долари замрзнати ирански средства и ќе се откажат од санкциите за извозот на нафта, во замена за отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКако најмалите се справуваат со температурните шокови?Еден ден дваесетина целзиусови степени, следниот над триесет. Од јакна до кратки ракави за само 24 часа. Температурните шокови кои кај возрасните може да предизвикаат колапси и сериозни здравствени состојби, кај децата се манифестираат поинаку. Педијатрите во периодите на нагли скокови на температурата, особено кога има летни денови со многу високи температури и во пролет највеќе се загрижени за дехидрацијата кај децата. Д-р Мира Атанасова советуваат на отворено или за време на викенд кога голем дел од граѓаните одат во соседството на море, клучно е да се заштити кожата на децата и главчето - да носат капче. Д-р Атанасова вели дека најчестата грешка што ја прават родителите кога е променливо времето, е што ги преоблекуваат децата за да не настинат. Реалноста е дека кога на возрасниот му е топло, топло му е и на детето. Педијатрите велат дека родителите треба да бидат свесни дека децата имаат двојно поголема потреба од течности, и за полесна облека за разлика од возрасните. Периодов во ординација најчесто се доаѓа на преглед поради вирусни инфекции, најчесто респираторни, ама и стомачни вирози. Педијатрите алармираат да се внимава и со храната за да се избегне труење, кое кај помалите деца може да биде и опасно ако не се реагира на време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаНеколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблемиНаместо успешно скенирана сметка, граѓаните веќе неколку дена при обидот да ги скенираат фискалните сметки, добиваат известување дека апликацијата нема конекција со УЈП.Ова е уште еден во низата проблеми со конектирањето на граѓаните со оваа популарна алатка кај граѓаните. Од Управата за јавни приходи велат дека станува збор за технички проблем, но засега не откриваат што точно го предизвикало прекинот, ниту кога апликацијата повторно ќе биде целосно функционална. -Ве информираме дека апликацијата Мој ДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање.Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата, се вели во кусото соопштение од УЈП. Проблемите со УЈП не се новина, во изминатиот период имаше и доцнења со исплатата на повратот на данокот што предизвика незадоволство кај корисниците. Иако во јавноста постојано излегуваат информации дека проектот можеби ќе се укине, министерката за финансии и директорката на УЈП секогаш го демантираа тоа, но нагласуваа дека МОЈДДВ според нив, не ги дава очекуваните резултати. Средствата од тековното тромесечје инаку, треба да се исплатат во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот кој завршува на крајот на месецов. Од СДСМ реагираат дека блокадата на апликацијата за поврат на ддв не е случајно, туку последица на како што велат, празната државна каса. - Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани. Во меѓувреме, додека апликацијата МОЈ ДДВ се соочува со проблеми со функционирањето, од УЈП објавија нова листа на должници. Според податоците кои ги објавија, станува збор за над 5 илјади физички и правни лица кои должат речиси 13 милијарди денари данок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37