„Само Вистина“ со Славјанка Петровска и Бране Петрушевски 02.04.2026 1 дел - Канал 5

„Само Вистина“ со Славјанка Петровска и Бране Петрушевски 02.04.2026 1 дел

„Само Вистина“ со Славјанка Петровска и Бране Петрушевски 02.04.2026 1 дел
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надеж

Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж.

Огњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надеж

Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места.

Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома.

По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите!

Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија

Наместо надеж, младите добија неизвесност и изолација.

Наместо перспектива, добија разочарување.

Затоа денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата.

Не затоа што не ја сака Македонија.

Туку затоа што не гледа иднина во политиките на оваа власт.

Мицкоски прво ги повикуваше младите да се врателе во Македонија, за веднаш потоа да им каже дека ќе ги менува за „економски работници“.

Вистината е дека Платформата 1198 е една голема лага. Во реалноста на младите им останаа само разочарувањето.

YouTube video

Прес конференција, Петар Огњеновиќ – СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси

Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања.

Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси

Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем.

Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање.

За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма.

Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции.

Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДС и Заев. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче.

Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги.

Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање.

Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти.

„Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните“, изјави министерот Перински.

Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари.

Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт.

„За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети“, истакна Митевски.

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер