Можеби е потребно да постои механизам на притисок ако не се спроведуваат пресудите во Стразбур, изјави Сиљановска – Давкова
1Можеби е потребно да постои механизам на притисок ако не се спроведуваат пресудите во Стразбур, изјави Сиљановска – Давкова
3Денеска во владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети – ќе се бара да ги намалат цените
МакедонијаГерасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опремаОпштина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед. На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која води кон уличката ќе биде изведена и пристапна рампа, со што ќе се овозможи непречено и безбедно движење за лицата со попреченост, како и за сите граѓани кои користат помагала за движење. „ Во план е поставување на повеќе мини паркови и пјацети низ општината. Целта е да го зголемиме зеленилото и да создадеме пријатни катчиња за одмор и рекреација. По уредувањето на улицата „8 Март“, планираме нови маалски пјацети на улиците „Коста Веселинов“, „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Паралелно со овој проект, Општина Центар продолжува си хортикултурното уредување на потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“ и улицата „Мирослав Крлежа“. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМожеби е потребно да постои механизам на притисок ако не се спроведуваат пресудите во Стразбур, изјави Сиљановска – ДавковаСиљановска Давкова, откри и дека темата за пресудите ја отворила на средбата со бугарската колешка Илијана Јотова во Софија.Пресудите на судот во Стразбур мора да важат за сите – порача претседатеката Гордана Сиљановска Давкова посочувајќи дека за државите што не ги спроведуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права треба да постојат механизми на притисок, па дури и последици врз нивниот статус во Советот на Европа. Земјава како што кажа таа, ги почитува сите пресуди што се однесуваат на македонскиот правосуден систем, но очекува тоа да го прават и останатите земји-членки. -Доколку не се спроведуваат, можеби е потребно да има закана која што би се однесувала на статусот член на Советот на Европа. Не можам, а да не потенцирам на примерот на мојата држава дека многупати пресуди во Стразбур кои се однесуваат на заштитата на правата на македонското малцинство во соседството не се почитуваат и тоа кај мене внесува големи дилеми во поглед на задолжителноста на пресудите, а без да се спроведува пресудата, мислам дека судот станува една проблематична институција. - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија Сиљановска Давкова, откри и дека темата за пресудите ја отворила на средбата со бугарската колешка Илијана Јотова во Софија. Сепак, како што кажа, не барала кога и дали ќе бидат тие спроведени, туку само почитување на обврските преземени со членството во Советот на Европа. По посетата на Сиљановска Давкова на Софија, и собранискиот спикер Африм Гаши утре во рамки на процесот за соработка на Југоисточна Европа, патува во Софија каде ќе има средба со буагрската колешка Михаела Доцова на која како што кажа, заминува со позитивна мисла и добро познатите државни позици. Европскиот суд за човекови права инаку, до сега има донесено вкупно 14 пресуди против Бугарија за прекршување на правата на здружување на македонското малцинство, а дополнително, уште во неколку пресуди се констатирани и повреди на правата на Македонците. Дека Бугарија ја прекршува слободата на здружување, во април годинава, утврди и комитетот за човекови права на Обединетите Нации кој очекува Софија во рок од шест месеци да ја исправи ситуацијата и да извести кои мерки ги презела. Спроведувањето на пресудите од судот во Стразбур, заедно со гаранции дека нема да има нови билатерални блокади е еден од клучните барања на македонската влада до официјална Софија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаЗошто „Канал 5“ неколку недели е мета на оркестрирани напади во бугарската јавност?Кој и зошто во бугарското општество сака да ја претстави Канал 5 како антибугарска телевизија? Во оркестрираните напади последниве неколку недели, со навредливи калификации и етикети се вклучи и бугарската национална телевизија, со тврдење дека Бугаринот од Македонија Драги Каров бил осуден за говор на омраза на фејсбук по желба на Канал 5, и дека медиумот сакал од јутјуб да се отстрани бугарски поткаст насловен „Коридор 8“ – тези за кои телевизијата во повеќе наврати безуспешно се обидува да објави демант. Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски вели дека е зачуден од односот на јавен сервис на земја членка на ЕУ, кој не ги почитува основните професионални стандарди. -Она што е фрапантно, нецивилизирано и она што мене ме вознемирува е тоа што во самиот прилог од некои три минути се изнесени едно чудо лаги, клевети и манипулации. Да го обвиниш Канал 5 дека работи за српски служби, да кажеш дека оној господин Драги Каров којшто знаете каков став има за Македонците генерално во светот, да кажеш дека ние сме го тужеле а да не го видиш самиот обвинителен акт во кој што многу лесно се чита дека обвинител е обвинителството на Република Македонија, за мене е едно неприфатливо однесување на колеги од Бугарија. Затоа се обидов неколку пати, почнувајќи од минатата недела како ден, да има пратам деманти, едноставно не сакаат да објават демант, иако се законски обврзани според нивниот закон за радиотелевизија член 18. - Иван Мирчевски – директор на Канал 5 ТВ Во разврска на случајот се вклучи македонското МНР, од каде побарале одговори по димпломатски пат. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија стапи во контакт со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со цел да се разгледа и соодветно да се адресира прашањето што го покренувате. Воедно, МНР ја поддржува слободата на медиумите и најостро го осудува секој вид говор на омраза, дискриминација, и поттикнување нетрпеливост по која било основа. Реакција со осуда за нападите од БНТ кон Канал 5 пристигна од Здружението на новинарите, од кадешто велат дека за критика кон медиумите се потребни аргументи, а не етикети. -Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува употребата на паушални и дискредитирачки квалификации кон медиуми, редакции и новинари, особено кога тие се пласираат во чувствителен политички и општествен контекст и можат да придонесат кон дополнителна поларизација во јавноста. Ова е особено важно кога јавниот говор се однесува на теми што допираат до меѓунационални односи, односи меѓу заедници или односи меѓу држави. Во такви ситуации, медиумите како и учесниците во јавната дебата, треба да бидат фактор на стабилност, информираност и меѓусебно разбирање, а не повод за нови поделби, стигматизација или политичка злоупотреба. - стои меѓудруго во соопштението на ЗНМ. Ова не е прв напад врз Канал 5 – пред три години телевизијата по наводни поплаки од бугари од Македонија се најде во извештај на ЕКРИ кое е тело на Советот на Европа, без да се наведат аргументи за тврдењата, ниту конкренти извори. За овој случај се уште во тек е судски процес.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска во владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети – ќе се бара да ги намалат ценитеИтна корекција на цените низ маркетите особено на основните прехрамбени производи, ќе побара премиерот Христијан Мицкоски на заедничка средба со трговците, дистрибутерите и маркетите. Според него кризата е веќе завршена и нема да бидат прифатени никакви оправдувања, а доколку нема реакција во следните денови, предупреди дека Владата ќе употреби механизми за интервенција. Мицкоски не ја исклучи можноста јавно да бидат посочени и имиња на конкретни маркети кај кои ќе се утврдат поголеми отстапувања, а најави и споредби со цените во регионот. - Основните прехрамбени производи е потребно да претрпат корекција. Граѓаните беа толерантни до сега, сега е време тие да се одолжат на граѓаните. Ќе направиме и споредби какви се цените во регионот и какви се цените кај нас на некои од основните прехранбени производи. Во одредени маркети, ако треба и по име и по презиме од утре ќе ги објавуваме јавно, а понатаму оставаме на нив.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Во меѓувреме, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска најави дека Владата утре на седница ќе го разгледува ребалансот на буџетот, кој ќе донесе зголемување на буџетскиот дефицит. Според неа, тоа главно должи на повисоките капитални расходи за инфрастукрурни и други инвестициски проекти..Дополнително, според првичните проценки на министерството за финансии, мерките за поевтинување на горивата кои важеа изминатиов период, ќе значат околу 25 милиони евра помали приходи од акцизи во Буџетот. - За прв пат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи односно за капиталните инвестиции, што мислам дека согласно Законот за буџети ги оправдува состојбите. Во исто време имаме имаме корекции на приходна страна во делот на акцизата заради сите оние мерки кои што ги имавме во изминатиот период.- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии Буџетот за 2026 година, усвоен во декември минатата година, беше тежок околу 6,7 милијарди евра. Дефицитот беше проектиран за околу 630 милиони евра или на 3,5% од БДП. Според податоците на Министерството на финансии, во првите 4 месеци од 2026 година буџетскиот дефицит достигнал околу 415 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36