„Само Вистина" со Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски - Канал 5

„Само Вистина" со Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски. 

„Само Вистина" со Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски

Било која влада во иднина ќе мора да стигне до истиот договор за добрососедство со Бугарија, сите проблеми мора да се решат со дијалог, рече Јовановиќ. Нема никакво добрососедство, договорот е асимилаторски и е направен на темелите на Санстефанска Бугарија, рече Тасевски.

И комисијата и договорот да се повлечат, нема пријателство ако една страна манифестира сила, а другата само прави отстапки, рече Тасевски. Со блокада и радикализам не одиме напред, само се продлабочуваат разликите, рече Јовановиќ.

Во фудбалските девијации има политичка порака, навивачите се користат за политичко поткусурување, рече Јовановиќ. Уривањето на дивоградбата кај Мавровка е само да се покаже дека има правда, пола Скопје е на септички јами, а збориме за 80 дивоградби на Шара, реплицира Тасевски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Гази Баба: Повеќе од 60 проекти ќе се реализираат во текот на летото

Општина Гази Баба започнува интензивен летен период на реализација на капитални и развојни проекти, при што во ист временски период ќе бидат реализирани повеќе од 60 проекти во речиси сите населени места на територијата на општината.

Општина Гази Баба: Повеќе од 60 проекти ќе се реализираат во текот на летото

Во наредните денови ќе бидe пуштенa во употреба новата детска градинка во Трубарево, а дополнително ќе се зголеми динамиката на изградба на останатите две нови детски градинки во Инџиково и помеѓу Маџари и Керамидница. Со овие инвестиции значително ќе се зголеми опфатот на децата во предучилишното образование и ќе се одговори на долгогодишните потреби на младите семејства.

Паралелно се реализираат и значајни комунални проекти.

Се работи на изградба на фекалните канализациски системи во Идризово, Јурумлери, Гоце Делчев и Чукур Маало, додека во Стајковци се привршува изградбата на каналот за одводнување – проект од особено значење за заштита на населението и земјоделските површини.

Голем дел од инвестициите се насочени кон образованието. Наскоро ќе биде завршена новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, а во тек е и доградбата на ООУ „Крум Тошев“. Во текот на летниот распуст ќе се изведуваат градежно-занаетчиски работи во сите основни училишта, со цел учениците да добијат подобри и побезбедни услови за настава.

Општината продолжува и со мерките за директна поддршка на семејствата преку обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици и финансиска помош од 3.000 денари за секое прваче.

Во делот на спортската инфраструктура, до крајот на летото ќе бидат завршена новата спортска сала во Црешево и ќе заврши првата фаза за изградба на салата во Железара, кои ќе овозможат подобри услови за спорт и рекреација на младите.

Во текот на летните месеци ќе се реализира и обемен циклус на реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура. Предвидени се реконструкции на улица 519 во Керамидница, улица Пехчевска во Хиподром и улица Жал Жорес на потегот од Кино Маџари до натпатникот кон Ченто, како и реконструкција на повеќе од 20 улици во различни населени места. Истовремено ќе се градат нови пешачки патеки со павер елементи на повеќе локации низ општината.

Во областа на водоснабдувањето ќе бидат реализирани нова бушотина во Раштак и нова филтер станица во Булачани, со што дополнително ќе се подобри сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето.

Ова лето ќе биде обележано со засилена градежна активност, реализација на капитални инвестиции и конкретни проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните. Општина Гази Баба останува посветена на рамномерен развој на сите населени места и на создавање подобри услови за живот за сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски: Нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален - народот живее потешко, поскапо и понеизвесно.

Тренчевска:  2 години Влада на Мицкоски: Нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните.

Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две години се цените, трошоците за живот, сиромаштијата.

Македонскиот работник живее потешко, социјално-ранливите граѓани се заборавени од државата, пензионерите изманипулирани.

ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%. Денес инфлацијата е 4,8% и е речиси двојно повисока од ветувањето.

Во платформата 1198 ветуваа зголемен животен стандард - се зголемија само трошоците за живот. Денес на едно четиричлено семејство му се потребни скоро 70.000 денари месечно за да ги покрие основните трошоци.

Тоа значи дека за нормален живот се потребни речиси три минимални плати.

Денес платите не го следат растот на цените. Работниците работат исто, а можат да купат помалку.

Македонскиот работник зема најниска плата во Европа, со која едвај издржува до половина месец. Кошничката е се поскапа, а паричникот на граѓаните се попразен.

ВМРО ветуваше намалување на сиромаштијата, а уште во првата година од мандатот донесе зголемување од 22%.

Ова е најсилниот доказ за неуспехот на економските политики на оваа Влада.

Владата на ВМРО покажа дека нема ниту капацитет, ниту волја да го подобри животот на граѓаните.

Единствено што добро му оди на ВМРО, се манипулациите. Ги изиграа и пензионерите. Со лажна кампања ги придобија, за потоа да им ги скратат и украдат парите. Ако се задржеше нашиот систем, најмалото зголeмување на пензиите ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари. Два пати во годината тоа ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите.

Социјално ранливите категории на граѓаните се заборавени од оваа Влада. Во овие две години ВМРО не исполни речиси ништо од клучните ветувања за помош на најранливите граѓани. Социјалната помош не се зголемува, сиромаштија.

Нема зголемување на гарантираната минимална помош за 10% на годишно ниво.

Нема зголемување на посебниот додаток за 30%, ниту се зголемени надоместоците за родителите кои се грижат за деца и лица со попреченост.

Нема нови домови за стари лица, ниту нови дневни центри за згрижување и рехабилитација на деца и лица со попреченост. Нема пооврат на персонален данок за вработени мајки по завршување на породилно отсуство.

Всушност од социо-економските ветувања за овие две години ВМРО нема исполнето ништо.

Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА! Нула во подобрувањето на животниот стандард, нула во зголемување на платите, нула во напредкот на државата.

Вистината е дека со Мицкоски и ВМРО на власт Македонија единствено забрзува кон пропаст.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите, соопштија властите во руската престолнина, само неколку дена откако украина повторно ја гаѓаше рафинеријата за нафта во градот.

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите

Украинските власти соопштија дека руски беспилотни летала погодиле цивилни трговски бродови, при што загинал еден египетски член на екипажот, додека нападите со беспилотни летала на други места убиле најмалку пет лица, вклучувајќи три члена на исто семејство во северниот украински Сумски регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер