„Само Интервју” вечерва со Игор Јанушев

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Игор Јанушев

Мултиетнички македонски народе! Партиските лидери го фиксираа 12 април за датум кога Македонецот ќе суди. Можно ли е пролонгирање на изборите, со какви ветувања се влегува во трката по глас повеќе, колку судските процеси ќе влијаат која опција ќе превагне на кантарот, одговори бараме од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вечерашното издание на „Само Интервју“ со Гоце Михајловски.

Обвинуваат: економијата тоне, Кацарска-судството и Вилма-обвинителството се нечесни, власта е корумпирана, но каква алтернатива нудат опозиционерите?! Започнуваат ли СДСМ и ВМРО да ги кршат партиските копја преку амнестијата и проветрувањето во судството или граѓанинот може да очекува неполитизиран кадија. А кој кого тужи? Дали случувањата во „Рекет“ му влеваат ветер во грб на Мицкоски или пак како бумеранг ќе се актуелизираат оние на „Т“?

Колку е искрен апелот кон Груевски да се врати и да застане зад решетки и ќе влезе ли партијата во кампања со чиста сметка? Дојде крајот на бомбите или пак ВМРО има ас во ракавот - да очекуваме ли нови скандали за функционерите од Бихаќка?

Во полн состав ли излегува ВМРО на теренот и кои ќе избраниците на Мицкоски? Се консолидараа ли редовите во опозицијата или допрва очекуваме цут на фракционерството? Какви се калкулациите за евентуалното коалицирање и која од албанските политички опции повеќе му лежат на челникот на опозицијата вечерва во „Само Интервју“ разговараме со вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

- Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. /МИА

притисни ентер