Сафет Бишевац и Ѓорѓи Галетановски вечерва во „Само вистина“ - Канал 5

Сафет Бишевац и Ѓорѓи Галетановски вечерва во „Само вистина“

Почитувани, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Сафет Бишевац и Ѓорѓи Галетановски.

 Сафет Бишевац и Ѓорѓи Галетановски вечерва во „Само вистина“

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на Скопје, власта е подготвена за разговори но не и за авантура без гаранции, опозицијата бара уставни измени, има ли брза стратегија за откочување на интеграциите?

Самите ние, или невидлива рака, ја кочи ли некој реализацијата на реформската агенда?

Фронт за вистина или за седнување на Илинденска, кој што ветува, а кој што исполнува, се ближат ли избори?

Елизабета Галевска со Сафет Бишевац и Ѓорѓи Галетановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Американските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

Денес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба.

Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации.

„Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред два дена, кога се случи оштетување на моторот, а според информациите, српски државјанин за малку ќе излетал од скршен прозорец.

Ова за Канал 5 го потврди претседателот на комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски, иако вчера во повеќе регионалните медиуми се појави вест дека Македонија ќе ја предводи истрагата поради тоа што инцидентот се случил над македонско небо. Прпоски за Канал 5 потврди дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим што ќе работи под раководство на американската институција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер