Свет Русија го нападна Киев со дронови, во станбена зграда загина 14-годишно момчеРуски дрон утринава погоди повеќекатна станбена зграда во Киев, при што загина 14-годишно момче, а девет лица беа повредени.Дронот погоди зграда од 16 ката во населбата Печерск, а осум од повредените беа пренесени во болница. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од каква било воена логика“. Тој истакна дека од почетокот на денот биле нападнати осум украински региони. Во регионот на Одеса, едно лице загина во напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје беше погодена медицинска установа. Повредени имаше и во регионите Суми и Миколаев, изјави Зеленски. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта неговите сили користеле дронови за да нападнат објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти што наводно ги користеле украинските вооружени сили. Тагови: дронови Киев русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЖивотПапата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристапЗа време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс. Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“ Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ ќе поднесе оставка в неделаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата Претседател на републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк. Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија. На новинарско прашање во Њујорк дали сега е извесна сликата кога е во прашање решението околу нафтената индустрија на Србија, Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.Тагови: Александар Вучиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСловенија ја укинува деветолеткатаСловенија се подготвува за една од најголемите промени во основното образование во последните две децении. Министерот за образование, наука и млади Борут Рончевиќ најави укинување на сегашниот модел на деветгодишно основно образование и воведување „современа осумлетка“. Планот беше објавен при претставувањето на резултатите од истражувањето pisa 2025, кое покажа пад на резултатите на словенечките 15-годишници во читање, математика и природни науки. Министерот оцени дека резултатите се сериозно предупредување и најави целосна реформа на образовниот систем. Иако се зборува за „укинување на деветолетката“, според најавениот модел децата и понатаму би имале девет години задолжително образование.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00