Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба
2Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба
Автомобилизам„RIMAC“ на турнеја низ америка„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат на бројни автомобилски случувања.Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите Новите цени на меѓуградскиот автобуски превоз го зголемија месечниот трошок за илјадници семејства, а меѓу најпогодените се средношколците и студентите кои патуваат од град во град. Додека во голем број европски земји младите и студентите користат субвенциониран или значително поевтин јавен превоз, а во одредени градови и бесплатни линии, кај нас останува трошоците за патување студентите и нивните семејства да ги покријаваат од свој џеб. Најмногу реакции предизвика поскапувањето на релацијата Тетово–Скопје, каде месечниот билет порасна од 5.500 на 6.500 денари, што за граѓаните, значат дополнителни 1.000 денари месечно или 12.000 денари годишно само за превоз. Повисоки цени има и кај автобускиот превоз меѓу Куманово и Скопје. Цената на билетот во еден правец е зголемена од 170 на 200 денари, додека повратниот билет чини 400 денари, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Од Универзитетското студентско собрание на УКИМ велат дека поскапувањето дополнително ќе го погоди буџетот на семејствата на студентите и средношколците кои секојдневно користат меѓуградски превоз. „Овој бран на поскапување на цените на билетите дефинитивно удира директно по студентскиот стандард. Ние како УСС го увидовме овој проблем уште кога се појави и работиме на иницијатива којашто ќе ја споделиме со јавноста во следниот период. Треба да најдеме компромис со институциите со кој би им го олесниле овој товар на студентите.“ – Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ Засега нема најава дека државата ќе го субвенционира меѓуградскиот превоз за студентите. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека бесплатниот превоз важи таму каде што веќе постојат такви одлуки, но посебна мерка досега не била предвидена. „Таму каде што имаме можности, таму каде што има одлуки, студентите имаат бесплатен превоз мислам на Град Скопје. Меѓуградски досега не сме предвиделе. Јас би сакала да нагласам дека основното и средното образование се бесплатни. Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава – вели Јаневска. Премиерот Христијан Мицкоски по реакциите во јавноста најави дека институциите ќе го разгледаат поскапувањето. „Да, ќе го преиспитаат покачувањето на цените на меѓуградскиот превоз.“ – Христијан Мицкоски, премиер Приватните превозници засега немаат дадено официјално објаснување за причините за зголемувањето на цените токму пред почетокот на новата учебна и академска година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба - Удрија багерите кои треба да ја отворат новата сообраќајна артерија од Аеродром до Гази Баба. По неколкугодишен застој, од денеска продолжуваат работите на терен.По години чекање, денеска започна уривањето на дел од објектите во Керамидница, со што конечно почна пробивањето на трасата што треба да го поврзе мостот „Генерал Михајло Апостолски“ со булеварот Александар Македонски во Автокоманда. Рушењето на објектите во Керамидница кое започна денеска, а според градските власти би требало да трае околу два месеци. Проектот долго време беше во застој поради нерешени имотно-правни односи, кои во меѓувреме на овој крак се веќе расчитени. За мостот да добие целосна сообраќајна функција, во меѓувреме продолжуваат постпаки за експропријација и на кракот што треба мостот да го поврзе со раскрсницата кај Ист Гејт. Според информациите на Канал 5, станува збор за 21 постпапка кои се во тек на расчитување. Со изградбата на новата сообраќајница треба да се воспостави директна врска меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Очекувањата се дека оваа делница ќе придонесе за подобро поврзување на двата дела од градот и за растоварување на сообраќајот на околните булевари. - Мост што не води никаде – вака со години скопјани го нарекуваа мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Но, ова место веќе не треба да биде симбол на недовршен проект, туку почеток на нова сообраќајна врска меѓу Аеродром и Гази Баба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начинЗа парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.Полицијата од една фирма и две физички лица од Струмица одзела речиси 1,1 милион евра, од кои во готовина речиси 600.000 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство. За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари. Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07