Реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат - Канал 5

Реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат

Додека се чекаат пари за поголема заштита и реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат

 Реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат

- На Тетовското Кале изградено во Османлискиот период единствениот реставриран објект на крајот на март е оштетен поради природна непогода, односно летнаа ќерамидите, а се изгледа дека така и ќе остане во иднина, со оглед дека државните установи за заштита на историски споменици велат дека немаат доволно средства за обнова.

Оштетениот објект, тогашна трпезарија за османлиската војска, беше реставрирана и конзервирана од 2008 година до 2012 година и на тој начин зачуван е автентичниот надворешен изглед. На крајот на март евидентирано беше оштетувањето од страна на Музеј на тетовски крај, од каде велат дека согласно она што го имаат надлежност, го направиле - да го пријават проблемот до Управа за заштита на културно наследство каде во Националниот регистар е впишано Калето како недвижно културно наследство.

- Стручните лица од нашата установа по пријава од граѓани заминаа на Калето да ја увидат состојбата. До Управата за заштита на културно наследство испративме допис со фотографии со објаснување дека станува збор за оштетување поради природна непогода. Оштетувањето е поради силниот ветер, но наша процена е дека до тоа дошло и поради несовесно однесување на поединци, односно извршени оштетувања на објектот во целина па и на покривот каде што се ќерамидите, па така тие полесно летнале при ветерот, изјави Миќо Стојчески, директор на Музејот на тетовски крај.

Од Националната установа Национален конзерваторски центар кои се задолжени за изработка и реализација на проекти, за одвивање на работите за заштитата на спомениците, велат дека фазното дејствување кај овие културни добра и определените средства се главни пречка за нешто побрзо интервенирање.

На Калето се работи фазно само за определен дел и само за тоа има предвидено средства од државниот буџет преку Министерството за култура, велат од установата.

- Имаме многу проекти, а добиваме многу малку средства за заштита на објектите. Оваа година според годишната програма работиме на шеста фаза (шеста година по ред) на влезната порта на Калето, да се направи според автентичен изглед. За оваа шеста фаза имаме 500 илјади денари на располагање од Министерството за култура. Ние сме надлежни само за правење и реализација на проекти за делови од Калето, додека изостанува тековно и постојано одржување на објектот, за што немаме ние ингеренции, изјави Мемет Селмани, директор на Национален конзерваторски центар.

Поголем дел од тврдината долги години, повеќе наликува на руинирано и запуштено место. Од оваа тврдина и внатрешните објекти, останати се само остатоци, претежно од ѕидовите и тунелите. И главната капија-порта која сега е предмет на реставрација се сруши пред десетина години.

- Постепено се обидуваме да се врати концептот на постоечкиот изглед. Проблем за работа на кое било вакво место Кале се скапите материјали кои се користат за лепење на камењата што се користеле при изградбата. Во 2020 година сме имале околу пет илјади евра, па сите пари отидоа на инјектирање на маса со која се лепат камењата од тврдината или три тона таква маса чини пет илјади евра. Масата или лепилото претставува три компонентен материјал што ги држи камењата. Министерство дава ограничени средства и мора постепено, изјави директорот Мемет Селмани.

Историските податоците на институциите се дека на крајот од 18 век Тетовското кале како тврдина на врвот од ридот Балтепе почнал да го гради Реџеп-паша. Се смета дека имало 108 илјади квадратни метри и богата внатрешност. Во калето имало две монументални порти, две помали порти, девет кули, објекти и кујна за војската, набљудувачници, како и два сараи, каде престојувал пашата.

- Ѕидовите кои се изградени се дебели од три до пет метри, со најголема височина и до десет метри, сите градени со бигор камен. Се градело 20 години, а синот на пашата, Абдурахман ја завршил изградбата по што од 1831 до 1843 живеел во тврдината, велат историските податоци на Музеј на тетовскиот крај.

Директорот на Музеј на тетовскиот музеј, Стојчевски, вели дека мора да се пристапи кон тврдината како еден капитален проект, кој би траел десетина години за да може да го добие вистинското лице.

- Кога би се реставрирале сите објекти, сета таа археологија што се нашла таму би биле дел од една музејска поставка. И во интерес и во името на културата би можело еден културен центар да настане каде би се одржувале разни фестивали, настани од областа на културата и уметноста што за градот би придонело повисоко ниво на развој на култура и една точка туристичка атракција и една точка за младите за разни едукации, обуки, вели директорот на музејот.

До врвот на ридот и Калето постои асфалтиран пат, а местото се посетува од тетовци кои ја користат сообраќајната делница за пешачење до врвот на ридот Балтепе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер