„ Рече дека била со мојот сопруг кога ни се раѓало детето!“ - Канал 5

„ Рече дека била со мојот сопруг кога ни се раѓало детето!“

Психологот Роберт Родригез, авторот на книгата „Што мисли вашиот бремен маж“ (What’s Your Pregnant Man Thinking?) вели дека секој десетти маж ја изневерил својата жена за време на нејзината бременост. Што ги тера мажите да го направат ова најголемо неверство во најчувствителниот моемнт од животот на жените?

„ Рече дека била со мојот сопруг кога ни се раѓало детето!“
Родригез вели дека голем дел од мажите се чувствуваат заплашени од новиот член на семејството и сметаат дека нивното главно место во семејството ќе биде деградирано.

Некои чувствуваат голем стрес пред раѓањето на детето, и не се сигурни дали ќе се снајдат во улогата на татко и столб на семејството, па бараат олеснување од стресот во неверството.

Други пак имаат уште побизарна причина - телото на нивната сопруга кое со бременоста се менува веќе не им е привлечно, или пак се чувствуваат недоволно сакани ако сопругата која го очекува детето, не им обрнува доволно внимание!

Во голем број откриени неверства на мажите додека нивните сопруги се бремени, сопругите се обиделе да им простат поради децата - но тоа ретко успева.

- Едно утро заѕвоне телефонот а јас се стрчав да кренам да не се разбуди моето тукушто родено бебе - вели Адел Беркли.

- Проговори женски глас кој не го препознавам, и рече - јас се гледам со твојот сопруг три месеци, бевме заедно кога се роди вашето дете.

Моментот кога дознала за неверството на сопругот Адел го опишува како „кршење на стаклена фигура на стотици парчиња“.

Го повикала сопругот да дојде од работа и го соочила со тоа што го дознала. Тој негирал, а кога го прашала дали сака да и се јават на жената која и кажала за неверството, признал се.

- Тој кога останав бремена ослабна 15 килограми, а јас го деформирав телото. Денеска ми е срам ми да кажам, но кога дознав за неверството се случуваше да го погледнам нашиот син и да помислам - да не се родеше тој можеби ова немаше да се случи - вели повредената жена.

Ова се случило во 2006тата година. Адел го избркала сопругот Пол од дома кој веднаш се преселил да живее со љубовницата. Но аферата завршила за неколку месеци, а Пол во 2007 ја молел Адел да му даде уште една шанса. Таа се согласила поради нивните 3 деца (неверството го направил кога се родило третото дете), но во 2013 и конечно се развеле.

- Не требаше да му простам. Ќе се спасев и себе си и децата од многу болка. Такво нешто не се простува, тоа само ја оддолжува агонијата - вели Адел.

Adele and Paul, pictured with all three children. Clinical psychologist Roy Shuttleworth says it is not unusual for partners who have been forgiven after an affair to struggle to make the relationship work

Психологот Рој Шатлворт верува дека неверствата во овие клучни моменти кои би требало да ги зближат партнерите, може да имаат многу подлабоки мотиви од желбата за секс.

- Колку повеќе се поврзуваме со некого, толку стануваме поранливи и поуплашени дека ќе не повреди ако си замине. Дури и ако врската опстане, стравуваме од моментот кога смртта ќе не раздели. Многу луѓе се борат да ја избегнат таа болка и создаваат бариери со партнерот, понекогаш преку афери. Не оправдувам, само се обидувам да го објаснам ова невообичаено однесување - вели Шатлворт.

Она што го доживеала Адел Беркли го доживеале уште многу жени. Во моментот кога се создава ново семејство, кога на жената и е најпотребна поддршка, внимание, заедничка грижа за детето, кога треба да се создаде семејното заедништво - токму тогаш таа е изневерена. Тоа неверство остава лузна која никогаш не зацелува./ извор: Дејли меил














Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)

Жителите на комплексот Инфиниум Флетс во Индија се соочија со сериозен проблем откако агресивен мајмун нападна жена пред нејзиниот дом на 13 ноември, каснувајќи ја повеќе пати.

Мајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)

Жртвата претрпе сериозни повреди, додека снимките од безбедносните камери ги забележаа драматичните моменти и предизвикаа страв кај другите жители.

Повреди на телото

Вознемирувачката снимка го прикажува дивото животно како одеднаш ја напаѓа жената, која не направи ништо за да го испровоцира. Мајмунот ја каснува повеќе пати, додека таа вреска и се обидува да се одбрани.

Таа претрпе длабоки повреди на телото, поради што веднаш беше однесена во блиската болница, каде што доби медицинска помош, објавува Дејли Стар.

Жителите велат дека веќе некое време се справуваат со мајмуни во комплексот, а најновиот напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на жителите.

Сериозен проблем

Снимката оттогаш се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни дискусии за присуството на мајмуни во станбените области.

Соседите велат дека нападот толку многу ги исплашил луѓето што жените и малите деца сега се плашат да ги напуштат своите домови. Според нив, зголеменото присуство на мајмуни во урбаните средини стана сериозен проблем, но властите сè уште не презеле никакви конкретни чекори за да го решат. Агресивниот мајмун подоцна бил фатен од службеници на Шумскиот оддел, што исто така било снимено со камера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум.

Лагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман.

Кога беше прашана за можноста да го преземе раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот на „Њујорк тајмс Дилбух лист“ изјави дека тоа е „една од можностите“, пренесува „Блумберг“.

Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира.

Зборувајќи за нејзиниот иден јавен ангажман, Лагард нагласи дека мора да ја задржи политичката неутралност додека ја води ЕЦБ, особено со оглед на бројните избори што се очекуваат во Европа.

Се очекува дека по напуштањето на централната банка, таа би можела поотворено да зборува за политичката и економската состојба во Франција, чии буџетски проблеми и политичкиот застој во последните месеци придонесоа за притисок врз пазарот на државни обврзници, според агенцијата Њујорк.

„Сметам дека е моја должност да разјаснам работи, да исправам неточни изјави и да зборувам од искуството што го стекнав“, рече Лагард.

Таа претходно ги отфрли шпекулациите дека би можела да се кандидира за наследник на Емануел Макрон на функцијата претседател на Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Швеѓанецот Ларс Ериксон (55) ја изгуби работата минатиот месец откако беше откриено дека се појавил во филм за возрасни. Тој тврди дека филмот е направен пред да влезе во политиката!

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Ериксон глуми во порнографски филмови од 2018 година, истата година кога го напушти Риксдаг, шведскиот парламент, објави Дејли Меил.

Сепак, неговата кариера како порно актер излезе на виделина откако Ериксон беше идентификуван во два филма за возрасни, кои беа објавени во 2025 година и во октомври оваа година, додека беше претседател на општинскиот совет на Јокмок во шведска Лапонија, според локалните медиуми.

Според извештаите, тој бил отпуштен на 19 октомври, а бил вратен на работа една недела подоцна, но без овластувања врз вработените, финансиите и буџетот на општината.

Ериксон тврди дека филмовите, снимени во Соединетите Држави, се направени пред тој да стане градоначалник на Јокмок и дека неговиот последен контакт со порно индустријата бил во 2022 година.

Тој глумел во филмовите под псевдонимот „Ханс“ и се појавил пред камерата во филмот, кој беше објавен во октомври.

Ериксон претходно беше пратеник од Социјалдемократската партија за изборната единица Вестманланд, која се наоѓа во близина на Стокхолм, во шведскиот национален парламент.

Истрагата на шведската телевизија SVT откри дека филмовите биле промовирани преку сметка на социјалната мрежа X до минатиот месец.

Сепак, Ериксон изјави за шведскиот медиум дека немал влијание врз тоа кога филмовите ќе бидат објавени и дека не ја управувал сметката, додавајќи дека таа била управувана во име на дистрибутерот.

„Со оглед на тоа што ова е легална, иако табу, активност што е завршена повеќе од две години пред да бидам подобен за вршење функција во општинската власт, тешко ми е да видам какво влијание би можело да има ова“, рече тој.

Ериксон е претседател на општинскиот совет и градоначалник на Јокмок од февруари 2024 година, но објавено е дека ќе биде разрешен од функцијата општински лидер, според весникот „Афтонбладет“, и покрај тоа што беше вратен на работа една недела по неговото првично разрешување.

Тој ќе добие пакет отпремнина еквивалентен на седум месечни плати.

Трудовата комисија на Јокмок ја оправда одлуката за отпуштање на Ериксон велејќи дека порнографските филмови претставуваат потенцијален безбедносен ризик, бидејќи криминалците би можеле да ги искористат за да го уценуваат поранешниот претседател на општинскиот совет.

Општинскиот советник Роланд Боман наведе „безбедносни причини“ кога беше прашан за одлуката на SVT. Боман тврдеше дека верува оти Ериксон не ја информирал општината за својата кариера во порно индустријата.

„Самата општина е од голем интерес за странските сили, а јас првенствено мислам на Русија. Да се ​​има таков фактор на ранливост во општина што е од големо значење од гледна точка на безбедносната политика не е оптимално, но тоа е нешто што општината би морала да го реши и отстрани“, рече Оле Лундин, професор по административно право на Универзитетот во Упсала.

Сепак, Ериксон одговори дека обидот да ја искористи својата порно кариера како средство за уцена би бил „бесмислен“, бидејќи бил отворен во одговарањето на прашања од шведските медиуми кога бил замолен за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер