3Драма во Шпанија: Жена намамила маж во напуштена вила и 15 часа се изживувале врз него- полицијата пронашла страшни орудија
Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
Огромен објект се гради на 1,5 километри под земјата- би можел да ја смени судбината на човештвото (ВИДЕО)
1Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
2Огромен објект се гради на 1,5 километри под земјата- би можел да ја смени судбината на човештвото (ВИДЕО)
Здравје Продолжува сагата на пациентите со цистична фиброзаМора да се менуваат закони за да се набавубаат лекови, а кога и колку пари точно ќе се дадат од Фондот, засега не се знае, оти допрва ќе следат преговори со производителот на „Трикафта“ за цистична фиброза. Дури кога закононите ќе го минат „собранискиот филтер“ тогаш ќе се седне на маса со производителот за да се дефинира по која цена ќе се купи лекот првично само за осум пациенти, а не како што вчера објаснуваа здравствените власти, за 30, или околу половина од оние на кои што им е потребен. Ова е епилогот од средбата помеѓу Министерот за здравство Беким Сали, Министерот за финансии Фатмир Бесими и Директорката на ФЗО Магдалена Филиповска Грашкоска кој следеше по барање на Владата за да се најде решение за болните со цистична фиброза. -Имаме потреба од измена на неколку закони кои ќе ги иницираме наредната недела, а знаејќи ја сензитивноста на темата, се надевам дека во Собранието ќе бидат поддржани. Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена, останува финалната цена да ја добиеме од производителот. Зошто само за 30 пациенти ќе се набавува, одиме според итноста на состојбата на овие пациенти, засега има 8 пациенти во потешка форма за нив се иницираше овој лек.--Беким Сали – Министер за здравство. Надлежните сметаат дека гаранција дека пациентите ќе добијат лек е нивниот збор. -Тоа што денеска сме пред Вас и соопштуваме, а и тоа што ним ќе им се соопшти тоа е најголемата гаранција дека ова прашање ќе го решиме--Фатмир Бесими – Министер за финансии. Од друга страна, пациентите не им веруваат бидејќи велат оти ветувања и тапкање по рамо добиваат повеќе од две години. Разочарани и револтирани од изјавите на надлежните решија утре да бидат уште погласни и пред владината зграда на пладне да им порачаат дека време за чекање немаат. Надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка и да пробаат да дишат низ неа за да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниту еден живот нема да биде загрозен,изјави Ивана Атанасоска – Асоцијација за цистична фиброза. -Во последните две години сме залажани со усни изјави и не можеме да се потпреме на тие изјави и не можеме да бараме од пациентите да не излегуваат на протест и да чекаме дека нешто ќе се среди. А и дека надлежните се одредени личности кои се држат до нивниот збор. Утре перд Влада во 12 протест ќе има, а ги покануваме и сите граѓани што сакаат да не поддржат,вели Фики Гаспар – Асоцијација за цистична фиброза. Сите пациенти со цистична фиброза, помеѓу кои има е деца, сега се лекуваат со симптоматска терапија, а за разлика од неа, лекот „Трикафта“ делува врз самата болест. Според надлежните од околу 130 пациенти, потребен им е на 65 од нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОгромен пожар со часови беснее во познат зимски центар во Романија (ВИДЕО)Пожарот што избувна во голем хотел во романското зимско одморалиште Појана Брашов гори повеќе од 12 часа, а пожарникарите сè уште се обидуваат да го локализираат и изгаснат. Интервенцијата се состои во користење термовизиски камери и беспилотни летала за воздушно извидување за да се пронајдат скриени жаришта и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Конструкцијата на покривот, кој е направен од два слоја метални лимови, им го отежнува на пожарникарите пристапот до местата каде што пожарот сè уште се задржува. „Пожарникарите продолжуваат да вложуваат континуирани напори за лоцирање и гаснење на пожарот што избувна во хотелот во одморалиштето Појана Брашов. Интервенцијата е особено тешка, со оглед на конфигурацијата на покривот, направен од два слоја метални лимови, што го отежнува пристапот до скриените жаришта“, објави во понеделник наутро Инспекторатот за вонредни состојби на округот Брашов (ISU). Како што е наведено, потребно е да се отстрани покривната покривка и да се интервенира и на покривот и на фасадите на зградата. Конфигурацијата на конструкцијата и тешкиот пристап значително ја комплицираат операцијата на гаснење. Според ISU Брашов, пожарот се проширил на покривот, таванот и трите горни ката од зградата околу 22 часот во недела. 💥Poiana Brașov’daki 4 yıldızlı otelde şiddetli yangın: 150 kişi tahliye edildi! 📍Alpin Otel’de çıkan yangın; binanın son üç katını etkiledi. Alevler yaklaşık 2.000 metrekarelik alana yayıldı. ▪️ Yangın nedeniyle yaklaşık 150 kişi tahliye edildi. Olayda şu ana kadar yaralanan olmadığı bildirildi. ▪️ Söndürme çalışmalarına 5 farklı ilden ekipler sevk edilirken, 11 itfaiye aracı ve 4 merdivenli araç görev yapıyor. ▪️ Ekipler, alevlerin çevredeki yapılara sıçramasını önlemek için çalışmalarını yoğun şekilde sürdürüyor. Yangının çıkış nedeni henüz bilinmiyor. #Romanya #PoianaBrașov #Brașov #Yangın #İtfaiye #incendiu — Romanya Haber (@romanya_haber) November 22, 2026 Од хотелот биле евакуирани околу 150 лица, а според досегашните информации, во пожарот нема повредени или загинати. Во гаснењето на пожарот се вклучени бројни противпожарни служби од четири окрузи. Покрај пожарникарите од Брашов, мобилизирани се и екипи од неколку окрузи во Романија, како Ковасна, Прахова и Аргеш, како и членови на доброволната противпожарна служба од Раснов. На местото на настанот се наоѓаат и екипи од службата за итна медицинска помош на округот.Тагови: пожар Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКопретседателот на АфД најави депортирање на 2,6 милиони луѓе од Германија Копретседателот на германската десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), Тино Чрупала, повика на враќање на до 2,6 милиони луѓе од Германија во нивните матични земји.Според неговиот предлог, не само странските државјани кои се должни да ја напуштат земјата и странците осудени за кривични дела треба да ја напуштат земјата, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом причините поради кои им е дадена заштита повеќе не постојат. Чрупала го објасни своето барање во интервју за подкастот на Билд „Unter Zwei“, осврнувајќи се на можните политички промени во земјите од кои доаѓаат мигрантите, објави Берлинер Цајтунг. Според него, ако војната во Украина заврши или безбедносната ситуација во Сирија и Авганистан се подобри до тој степен што меѓународната заштита повеќе не е потребна, луѓето од тие земји ќе мора да се вратат. „А тука зборуваме за 2,6 милиони луѓе“, рече Чрупала, објаснувајќи ја својата пресметка. Универзитетски професор: Погрешни тврдења Неговиот предлог е спротивен на ставот на неговиот партиски колега Максимилијан Крах, кој претходно предупреди на претерани очекувања кога станува збор за депортации. Крах верува дека враќањето на 200.000 луѓе би претставувало најголема операција од ваков вид во европската историја по Втората светска војна. Тврдењата на Чрупала беа критикувани и од експертот за миграција Даниел Тим, професор на Универзитетот во Констанц, кој ги смета за погрешни. Според Тим, лидерот на AfD создава впечаток дека милиони Украинци, Сиријци и Авганистанци би можеле да бидат депортирани масовно и за краток временски период од Германија. Сепак, такво нешто не е правно можно. Тим објаснува дека статусот на меѓународна заштита мора да се разгледува од случај до случај. Иако околностите поради кои некому му е доделена заштита може да се променат, што може да ја доведе во прашање нејзината континуирана валидност, тоа не значи дека заштитата може автоматски да се одземе за сите граѓани на дадена земја. Затоа, Тим верува дека бројката од 2,6 милиони луѓе што ја споменува Чрупала е превисока. Околу 259.000 луѓе имале обврска да ја напуштат Германија во средината на 2026 година Според последните достапни податоци објавени од „Билд“, околу 259.000 луѓе во Германија имале обврска да ја напуштат земјата во средината на 2026 година. Станува збор за лица чии барања за азил се одбиени, кои повеќе немаат право да останат во Германија и кои се должни да ја напуштат нејзината територија. Сепак, дури 77 проценти од нив имале статус на привремено одложување на депортацијата, што значи дека нивното присилно отстранување од земјата засега не е дозволено.Тагови: Германија депортирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Шоу бизСерија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка Оваа година, повеќе од 100 претставнички отпатуваа во Сан Хуан, Порторико, каде што е во тек 75-от избор за Мис Универзум.Непосредно пред 75-от избор за Мис Универзум 2026 во Порторико (чие големо финале се одржува утре, 24 ноември), неколку натпреварувачки се соочија со сериозни здравствени проблеми и несреќи поради кои беа итно префрлени во болница. Труење со храна на Мис Универзум Најголемо внимание за време на подготовките во Сан Хуан привлече претставничката на Куба, Миа Дио, која се смета за една од главните фаворитки на натпреварот. Неколку дена таа страдаше од сериозни проблеми со стомакот откако претрпе труење со храна, не сакајќи да ги пропушти своите обврски. Нејзината состојба одеднаш се влоши на 15 ноември до тој степен што повеќе не можеше да оди поради болката, па организаторите ја пренесоа итно во болница. По добивањето на третман и еден ден одмор како што ѝ препорача нејзиниот лекар, таа се врати на натпреварот и учествуваше во финалните активности пред финалето. Ана-Марија Бабау (Мис Бугарија) – тешка сообраќајна несреќа 21-годишната претставничка на Бугарија беше вклучена во тешка сообраќајна несреќа на почетокот на ноември, непосредно пред нејзиното планирано патување во Порторико. Поради сериозноста на повредите и долгиот период на закрепнување, нејзината национална организација официјално потврди дека се повлекува од овогодинешниот натпревар. Мелиса Нуњез (Мис Доминиканска Република) – несреќа пред заминување На почетокот на ноември, претставничката на Доминиканската Република, исто така, беше вклучена во тешка сообраќајна несреќа. Таа беше однесена во болница на итен третман и набљудување. По 48 часа под медицински надзор, нејзиниот лекар ѝ даде дозвола да патува и на 9 ноември, таа им се придружи на другите натпреварувачки во Сан Хуан. Викторија Амерсон (Мис Австрија) – Падна по скалите Порано овој месец, се појавија извештаи дека австриската претставничка била хоспитализирана по несреќен пад по скалите, што резултираше со внатрешни модринки.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook