Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
Шоу биз Познати заводници кои всушност сакаат мажи!Oва се припадниците на посилниот пол чие „разоткривање“ разочара многу дами ширум светот.Додека многу холивудски заводници, како и заводници од светката музичка сцена достигнуваа планетарна слава и во јавноста се појавуваа со најатрактивни убавици, или разменуваа нежности со нив во спотовите од нивните песни, тие потајно копнееле по други мажи. Иако списокот е подолг, ова се припадниците на посилниот пол чие „разоткривање“ разочара многу дами ширум светот. Рок Хадсон View this post on Instagram A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin) Познатиот актер од златното време на Холивуд, познатиот Рок Хадсон, кариерата ја создаваше кога хомосексуалноста беше табу-тема. Во 1995 година, магазинот „Empire“ го рангираше меѓу 100-те најсексапилни ѕвезди во филмската историја. Неколку пати добиваше награди за најголема ѕвезда на годината. До неговата смрт, јавно не разговараше за својата сексуална ориентација. Тој беше првата холивудска ѕвезда која почина од СИДА, откако неговата дијагноза за ХИВ беше потврдена во 1984 година. Неговите менаџери, сепак, тврдеа дека тој има рак на црниот дроб. По неговата смрт беше објавена неговата биографија во која Хадсон, Ли Гарлингтон го нарекува негова „единствена вистинска љубов“. Рики Мартин Музичката ѕвезда Рики Мартин во 1990-тите се здоби со огромна популарност низ целиот свет. Прекрасното лице, згодното тело и неверојатниот шарм и енергија го издвојуваа од другите пејачи на музичката сцена. Жените го обожаваа. Тоа се гледаше и на неговите концерти каде салите беа исполнети со дами. Дури во 2010 година јавно објави дека е хомосексуалец и ја шокираше јавноста. Одговарајќи на прашање зошто толку долго го криел тоа, пејачот изјави оти пријателите го советувале дека ако случајно го открие тоа во јавноста, неговата кариера ќе заврши. View this post on Instagram A post shared by George Michael (@georgemofficial) Џорџ Мајкл За неговиот сексапил се зборуваше уште од првиот момент кога стапна на сцената. Во неговите видеа се појавуваа најубавите жени, успешни манекенки и холивудски убавици. Сепак, големото внимание од понежниот пол нему не му значеше многу. Сите тие биле само параван во јавноста, додека приватно своето срце им го подаруваше на мажите. Поп легендата призна дека спиел со многу жени, но нагласи дека тоа никогаш не било тоа. Џорџ Мајкл отворено ги поддржуваше правата на хомосексуалците од 1998 година. View this post on Instagram A post shared by vent vorth miler (@vont_vorth_______) Вентворт Милер Ѕвездата на серијата „Prison Break“, Вентворт Милер ја шокираше јавноста со признанието дека е хомосексуалец. По емитувањето на серијата што го прослави, Милер откри дека е хомосексуалец. View this post on Instagram A post shared by Luke Evans (@thereallukeevans) Лук Еванс Лук Еванс е еден од најсексапилните мажи во Холивуд во моментов. За разлика од неговиот колега Вентворт Милер, тој никогаш не се двоумел да ги покаже своите сексуални преференции. Во 2002 година тој призна дека е хомосексуалец. Тогаш тој имаше само 23 години и многумина веруваа дека ова признание може да му ја уништи кариерата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00