3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
Рецепти Посна пита со печурки и праз – идеална за велигденските пости, лесно се приготвува и сите ја обожаваатРецептот е едноставен за приготвување и омилен меѓу почетниците во кујната.Ако барате едноставно, вкусно посно јадење што заситува, оваа пита со печурки и праз е вистински избор. Крцкавата кора, ароматичниот фил со шампињони и праз, меката внатрешност, оваа пита ја прават совршена за ручек, вечера или послужување на гостите. Приготвувањето е лесно, состојките пристапни и речиси секогаш ги имаме во кујната. Токму затоа многумина оваа пита со задоволство ја прават за време на пост, но и кога сакаат полесен оброк. Состојки: 500 г. кори за пита 500 г. шампињони 2 мали парчиња праз Сол, бибер, сув зачин по вкус Магдонос и рукола по желба 100 мл масло 400 мл кисела вода 1 чаша брашно (од 200 мл) 150 г. гриз 1 кесичка прашок за пециво 1 лажиче сол Приготвување: празот ситно исечкајте го и пропржете го на загреано масло додека не омекне. Додајте ги ситно сечканите шампињони, ако сакате додајте исечкан магдонос и/или рукола, посолете, додајте го биберот и сувиот зачин по вкус. Сето тоа заедно динстајте го додека печурките не пуштат вода и додека вишокот течност не испрати. Кога филот ќе биде готов, тргнете го од шпоретот и оставете го да излади. Го поголем сад измешајте ја киселата вода, маслото, брашното, гризот, додајте лажиче сол и прашокот за пециво. Измешајте со миксер или жица додека не добиете хомогена смеса без грутки. На работна површина ставете три кори за пита и секоја премачкајте ја со тенок слој од приготвената смеса со гриз. Ако корите се многу тенки, може да користите и четири. На почетокот од третата кора распоредете го филот во подебел слој. Потоа завиткајте ги краевите навнатре и внимателно завиткајте во ролат. Вака замотаните ролати ги редите во плех обложен со хартија за печење. Може да ги редите еден до друг, или да ги редите еден по друг, така што на крајот ќе добиете облик на полжав. Постапката ја повторувате додека не го потрошите целиот материјал. Секој ролат пред печењето исечете го на помали парчиња и одозгора премачкајте го со преостанатата смеса со гриз. Печете го претходно загреана рерна на 180-200 степени додека убаво не порумени и не стане крцкава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!Иако во пресрет на самитот на НАТО главната порака треба да е единство, антагонизмите меѓу сојузниците никогаш досега можеби не биле поизразени. Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава Трамп на Трут сошијал. Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран. Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана - нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји. Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците. Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.Тагови: Доналд Трамп НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можностиДипломатските односи мора да се претвораат во економски можности – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на формуот посветен на градење отпорни бизниси во неизвесен свет. Во обраќањето, Муцунски нагласи дека прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку тие промени да се претворат во конкурентска предност Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУСЈЕ пред нова еколошка дозволаВо овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски. Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter