„Полска вечер“ со солисти и уметниците на Вроцлавскиот барокен ансамбл на „Охридско лето“ - Канал 5

„Полска вечер“ со солисти и уметниците на Вроцлавскиот барокен ансамбл на „Охридско лето“

Неколку години наназад „Охридско лето“ преку соработката со Амбасадата на Република Полска во Македонија на Фестивалската програма нуди ексклузивни содржини во исполнение на познати полски имиња од областа на музичката и сценската уметност.

„Полска вечер“ со солисти и уметниците на Вроцлавскиот барокен ансамбл на „Охридско лето“

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ за вечерва е резервирана за концертот на Вроцлавскиот барокен ансамбл, основан од Анджеј Косендиак, кој во истовреме е и уметнички директор и диригент на овој состав.

Ансамблот е постојано активен и соработува со музичари од Вроцлавскиот барокен оркестар, како и со голем број други изведувачи од Полска и Европа. На нивниот репертоар, пред сè е барокната музика со особен акцент на онаа од полските композитори. Покрај камерните дела, ансамблот често изведува и ораториуми и кантати. Досега се претставил на најголемите фестивали во Полска, има издадено неколку компакт дискови, од кои значајни се оние со музика на полскиот композитор Гжегож Гервази Горчицки.

Како директор на Националниот форум за музика „Витолд Лутославски“, диригент и професор, Анджеј Косендиак се смета за еден од најактивните музичари и промотори во Полска. Покрај останатите ангажмани, значајно е неговото директорско место во Вроцлавската филхармонија и на интернационалниот фестивал „Wratislavia Cantans“. Тој е и основач на хорот и машкиот детски хор на Националниот форум за музика, како и Вроцлавскиот барокен оркестар. Посебен интерес Косендиак покажува за музиката од раниот период. Доста активен е и во својата диригентска дејност, постојано одржувајќи концерти со Вроцлавската филхармонија и хорот на Националниот форум за музика, со Вроцлавскиот барокен оркетар, како и со повеќе други полски оркестри. За својата работа добитник е на многу награди.

Сопранот Алдона Бартник студиите ги завршува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, специјализирајќи изведба на музика од раниот период. Во нејзината кариера најзначајно е камерното музицирање, како дел од вокално-инструментален ансамбл или хор. На нејзиниот репертоар најзастапена е музиката од полски композитори, што ја прави оваа солистка еден од најголемите промотори на полската музика во светот. Во нејзината дискографија се вбројуваат неколку компакт дискови, повеќето од нив направени со Вроцлавскиот барокен ансамбл. Четири од нив изминативе години биле номинирани за престижната полска музичка награда „Фредерик“.

Контратенорот Пјотр Лајковски своите изведувачки вештини ги усовршувал на многубројни работилници и мајсторски курсеви во Полска и надвор од неа. Специјализира на полето на барокната музика, воглавно осврнувајќи се на ораториумите и кантатите од тој период. Во својата кариера соработувал со голем број ансамбли и изведувачи на музика од раниот период. Моментално работи како професор по соло пеење на Академијата за музика и Средното музичко училиште во Вроцлав. Тој е еден од основачите и директор на Интернационалниот натпревар по соло пеење „Анджеј Хиолски“.

Тенорот Бенјамин Глаубиц своите музички почетоци ги бележи во познатиот машки детски хор на лутеранската црква „Кројцкирхе“ во Дрезден. Додипломските и постдипломските студии ги завршува на Универзитетот за музика во Дрезден, а потоа продолжува да се усовршува под менторство на еминентни имиња од полето на вокалната музика. Постојано е присутен на музичките сцени и соработува со реномирани ансамбли и добро познати диригенти од целиот свет. Настапува како солист, но и како камерен музичар во голем број значајни музички центри во Европа, Азија и Јужна Америка.

Полскиот бас-баритон Јержи Бутрин се школувал на Музичката академија во Вроцлав, а со стипендија на програмата „Еразмус“ своите вокални способности ги усовршува на Колеџот за музика во Детмолд. Во моментов се наоѓа на своите докторски студии на вокалниот оддел на Музичката академија во Вроцлав. Учествувал на вокални работилници и мајсторски курсеви предводени од големи светски оперски пејачи. Бутрин е и добитник на бројни награди на натпревари по соло пеење. Соработува со повеќе ансамбли специјализирани за изведба на музика од раниот период.

Вроцлавски барокниот ансамбл го сочинуваат уметниците Збигњев Пилх и Миколај Згулка на виолина, виолончелистот Куба Кошчукиевич, Марта Нјеџвиецка на чембало, Мануела Танзер и Герд Бахман на труба.

На програмата на вечерашниот концерт, кој започнува во 21 часот, се избрани дела на полските композитори Горчицки и Шажински кои твореле во 17 век./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски?

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија?

Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?

Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.

Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.

За Ива Михаилова - непристојно, а за Груевски - тишина. За Тошковски - хиперхлорирање. За петте тони - нема одговор.

СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште.

Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.

Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.

Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски.

Скопје, 30.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

 Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1.

Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити.

Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото.

Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер