„Подиумот на млади“ : Извонреден концерт на младите уметници Петрески и Рафајловски - Канал 5

„Подиумот на млади“ : Извонреден концерт на младите уметници Петрески и Рафајловски

Младите уметници Филип Петрески и Виктор Рафајловски вчеравечер одржаа концерт во црквата „Света Софија“. 

„Подиумот на млади“ : Извонреден концерт на младите уметници Петрески и Рафајловски

Настапот на хармоникашот Петрески и пијанистот Рафјловски беше во рамките на „Подиумот на млади“ на фестивалот „Охридско лето“.

-Првпат настапувам на „Охридско лето“. Огромна е честа да се свири тука и особено на ова место. Поканата ми дојде како вистинско изненадување. Како изведувач, отсекогаш сум сакал да настапам на фестивалот. Со оглед дека е еден од најголемите фестивали во земјава и пошироко, го сметав за недостижен, но со самото искуство со годините, сѐ се достигнува, изјави Филип Петрески кој изведе дела компонирани во 21 век, најчесто од руски автори.

Филип Петрески е роден во Прилеп, каде го завршува основното музичко образование. Продолжува да учи во во ДМБУЦ ,,Илија Николовски - Луј’’ Скопје во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, во чија класа дипломирана ФМУ-Скопје со највисока оцена "cum laude". Во текот на своето образование редовно учествува на бројни концерти и фестивали во Македонија и во странство, како солист и член во разни камерни состави. Учествува во меѓународниот проект "WORLD ACCORDION DAY" (6-ти мај Светски ден на хармониката), а остварува настапи на концерти организирани од Музичка младина на Македонија, Фестивалот "Златна Лира", Фестивал на млади хармоникаши и други. Филип Петрески е добитник на голем број награди и признанија на државни и меѓународни натпревари, од кои последната е неодамна, во јуни 2021г. - Златен медал во Италија на 12-иот интернационален натпревар за хармоника "ITALY AWARD".

Неговиот колега, пијанистот Виктор Рафајловски кој изведе дела од Лудвиг ван Бетовен и Франц Лист. Иако е млад, тој се смета за еден од најталентираните македонски пијанисти кој совладува мошне сложени програми на својот инструмент.

Рафајловски учи пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’’ во класата на проф. Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Учествува на бројни натпревари на кои е носител на награди и признанија. Први награди освојува на Државните натпревари во 2010, 2012- 2015, 2017, а во 2019 и 2021 год. освојува специјални први награди. Како учесник на Меѓународни натпревари надвор од земјата победува во Аранѓеловац (2011), Врање (2011), ,,Даворин Јенко” – Белград (2014, 2020 - втора награда), на натпреварот „San Donna di Piave“ – Италија (2015), во Шабац (2016). Покрај тоа носител е на награди и на меѓународниот натпревар на млади пијанисти – Гевгелија (2011, 2019), ЕMCY– Скопје (2015), меѓународен натпревар „Полихимнија“ – Скопје (2017, 2018), ,,Охрид те сакам’’ (2018). На натпреварот „Охридски бисери“ 2012 освојува прва специјална награда, во 2018 втора награда, а во 2020 освојува прва специјална награда во својата категорија. Во 2020 год. Виктор Рафајловски учествува на повеќе реномирани меѓународни натпревари во Македонија на кои остварува високи резултати. На меѓународниот натпревар “Пијанофест – Битола“ освојува прва награда и е прогласен за Најдобар македонски пијанист. На меѓународниот натпреварот „Охрид те сакам“ освојува прва специјална награда во неговата категорија и втора награда на целокупниот натпревар. Учествува и на меѓународниот натпревар „Полихимнија“ – Скопје во 2020 год, каде освојува прва награда и е прогласен за Лауреат на натпреварот, при што учествува и на Мастер класот на Маестро Симон Трпчески, организиран од Фестивалот „Полихимнија“. Во јуни 2021 год. настапува како солист заедно со Македонската филхармонија на концертот ,,Младите доаѓаат’’, под диригентската палка на Маестро Сашо Татарчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Среде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)

Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. 

Среде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)

За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans.

Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот.

За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут.

Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит

По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка.

Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена.

Таа има повеќе од 500 илјади следбеници

Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година.

Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1.

Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си.

Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции.

Тие не знаат кои супстанции ги земаат

Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин.

Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи.

Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат.

Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење.

Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси.

Дополнителен предизвик за безбедносните служби

Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти.

Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата.

Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции.

Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување.

Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување.

Снабдувањето со дрога постојано се менува

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“.

Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“.

Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците.

Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе

Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Голем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе

Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева.

Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад.

„Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа.

20 милиони луѓе се изложени на ризик

Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко.

И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа.

„Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа.

Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања.

Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер