Поддршка за студентите во блокада од петте најголеми синдикати во Србија - Канал 5

Поддршка за студентите во блокада од петте најголеми синдикати во Србија

Петте најголеми синдикати во Србија соопштија дека ги поддржуваат студентите во нивните барања, јави МИА од Белград.

 Поддршка за студентите во блокада од петте најголеми синдикати во Србија

Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно.

„Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати - Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничкиот состанок одржан во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет во Белград, на повик на студентите во блокада“.

Целта е заеднички да работат на измените на Законот за работни односи и Законот за штрајкови. Донесена е одлука за заедничко синдикално дејствување, како и за формирање работна група од правници што ќе работи на конкретни предлози и усогласување на синдикалните барања.

Првиот состанок на работната група ќе се одржи на крајот на оваа недела во просториите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

„Во оваа прилика уште еднаш ја изразуваме нашата јасна поддршка на студентите во сите нивни барања“, соопштија од Слога. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. 

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите.

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Снегот на повисоките места донесе забрани за движење на тешки товарни возила на четири патни правци во Македонија. 

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Според утринскиот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) од 7:45 часот на 29 ноември, ограничувања има на Маврово – Дебар, преку Стража, на патот кон граничниот премин Деве Баир и преку превојот Ѓавато.

Утрово е укината забраната за камиони преку превојот Буково на патот Ресен – Охрид, а сообраќајот е нормализиран и на патот од Делчево до истоимениот граничен премин со Бугарија.

Според дневните информации на АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на следните правци:

Крак Маврово – Дебар, од 18:00 часот на 28 ноември;

превој Стража, на патот Гостивар – Кичево, од 18:00 часот на 28 ноември;

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, од 22:15 часот на 28 ноември;

Битола – Ресен преку Ѓавато, од 00:20 часот на 29 ноември.

Ограничувањата се однесуваат на тешките товарни возила. АМСМ ги повикува сите возачи да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Укината забраната преку Буково

На патот Ресен – Охрид, преку планинскиот превој Буково, забраната за тешки товарни возила била укината во 7:30 часот. Според АМСМ, оттогаш делницата е проодна за сите видови возила.

Претходно, во 7:00 часот, сообраќајот за сите возила бил пуштен и на магистралниот пат Делчево – граничен премин Делчево, каде што се одвива нормално.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег се бележи на повисоките места, додека во пониските предели врнежите се со послаб интензитет.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека патните правци се расчистуваат од снег со расположливата механизација. Проодноста, сепак, не значи дека сите правци се отворени за секој вид возило, бидејќи на наведените делници важат ограничувања за камиони.

Внимателно низ клисурите и задолжителна зимска опрема

АМСМ препорачува внимателно возење и поради можност од одрони, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември е во сила и обврската за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Таа важи до 15 март 2027 година.

АМСМ потсетува и дека патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 17 ноември е сезонски затворен за сите видови возила. Ова е посебен патен правец од делницата Ресен – Охрид преку Буково.

Според утринските информации, сообраќајот надвор од градските средини е со умерен интензитет, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Пред поаѓање, возачите можат да ја проверат состојбата на патиштата на страницата на АМСМ или да се јават на 02/15 555, бидејќи ограничувањата може да се променат во зависност од временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници.

Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.

Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици.

За наше Скопје!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер