Почнала секој ден да скока 50 пати:„Никогаш не сум била посреќна, ослабев“! - Канал 5

Почнала секој ден да скока 50 пати:„Никогаш не сум била посреќна, ослабев“!

Триш Врум е 45-годишна жена од Канада, која открила неверојатно едноставен метод за подобрување на расположението

 Почнала секој ден да скока 50 пати:„Никогаш не сум била посреќна, ослабев“!

менталната јаснотија и нивото на енергија – таа секојдневно прави 50 скока. Овој необичен експеримент го започнала на 19 септември, а резултатите, како што вели, целосно ја изненадиле.

Случајна инспирација од Интернет

Сè започнало со видео на кое случајно наишла додека пребарувала на Интернет. „Видов еден човек како вели дека ако скокаш 50 пати, 30 дена, тоа ќе ти го промени животот“, рекла Врум. „Помислив, зошто да не? Веќе се обидував да направам промени кај себе - па пробав.“

Она што започнало како необичен предизвик брзо се претворило во дневен ритуал за кој Врум вели дека го променило нејзиното расположение, фокус, па дури и физичкото здравје.

„Многу сум посреќна“

„Огромната разлика е што сум многу посреќна“, рекла таа. „Се радувам кога станувам од кревет, а воопшто не сум утрински тип на личност. Радоста не престанува по скокањето. Цел ден сум расположена.“

Покрај зголемената енергија, Врум вели дека размислува појасно, чувствува помалку стрес и гледа мали, но забележливи физички промени. „Изгубив речиси пет килограми за 30 дена“, открива таа. „Панталоните, прстените и часовникот ми се полабави, а целулитот стана помалку видлив. Кожата исто така ми стана поблескава.“ Иако таа и нејзиниот сопруг веќе имале здрави навики, како што се секојдневни прошетки и балансирана исхрана, таа вели дека рутината со скокањето и донела нов фокус во нејзината благосостојба.

Што вели стручно лице?

Нејзиното искуство не го изненадува кардиологот од Мајами, Леонард Пјанко. „Иако вклучувањето на оваа едноставна рутина со скокање во вашите секојдневни навики не звучи револуционерно, сепак таа има бројни придобивки“, забележува тој.

„Аеробната активност помага да се подобри расположението и поставува позитивна траекторија за остатокот од денот“, вели Пјанко. „Едноставниот чин на скокање, исто така, ја зголемува температурата на вашето тело. Ова го зголемува протокот на кислород и крв до мозокот. Добриот проток на крв значи добра функција на мозокот. Што може да биде лошо во тоа?“

Од личен предизвик до онлајн инспирација

Триш сега го споделува своето „патување со скокање“ на социјалните медиуми, па нејзините видеа привлекоа голем број љубопитни следбеници.

Реакциите се различни, од оние кои решиле да го пробаат до оние со практични проблеми. „Уф, ,морам да почнам да го правам ова“, се вели во еден коментар, додека друго лице се пошегувало: „Јас сум сосетката од горе и не сакам да ме мразат“.

Се посветува на социјалните медиуми

Овој експеримент ја поттикнал на голема промена во животот - Врум неодамна ја напуштила својата корпоративна работа за целосно да се посвети на социјалните медиуми и личниот развој. Таа планира да смисли кратки, достапни вежби што ги нарекува „порција ужина“ - брзи движења што луѓето можат да ги прават во текот на денот, како што се кревање на листовите додека ги мијат забите. Таа, исто така, дизајнира час за мајки со проблеми во карличниот дел на кои можеби не им е удобно да скокаат.

„Скокањето е евтин и лесен начин да внесете радост во вашиот живот“, заклучува таа. „Речиси секој може да го прави тоа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер