Почна националната еко акција „Генералка викенд“ - Канал 5

Почна националната еко акција „Генералка викенд“

Со ракавици и вреќи за смет, голем број волонтери денеска ја почнаа тридневната акција за чистење на државата. 

 Почна националната еко акција „Генералка викенд“

Во Скопје таа стартуваше во околината на прекрасниот Аквадукт, кој наместо туристичка и историска атракција е претворен во дива депонија. Поради волонтерите овој простор, барем денеска не изгледаше тажно. Акцијата ја отвори претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, која освен пораките за важноста зошто треба државата да е чиста, даде и една идеја.

Луѓето се однесуваат како натрапници во рајот. Тоа е факт. Ако не се смириме со природата – ќе се самоубиеме. Тоа е факт.

По изјавата, претседателката зема активно учество во акцијата. Речиси еден час работеше на локацијата заедно со другите кои се приклучија. На некои места беше толку валкано што мораше да се вклучи и тешката механизација.

Тука беа и повеќе министри и градоначалници кои испратија пораки за тоа зошто толку е важно да се чисти.

-Ваквите акции во кои сите заеднички покажуваме иницијатива, волја и подготвеност за соработка треба да бидат дел од нашето секојдневие. На отпадот не му е местото на улица или во природата.Сите ние имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации со што ќе ги намалиме предизвиците со кои тие во иднина ќе се соочат.

-Мене ми е искрено жал што ова е една од позначајните локации во градот Скопје.

Македонија во наредните три дена ќе се чисти во тоа што е опишано како најголемата еколошка акција на Балканот досега. Над 20.000 волонтери ќе работат на 500 критични локации.

Инаку, Македонија е позната како убедливо највалканата државата во Европа каде што во огромен дел од земјава нема регулирано управување со отпад, а тоа во комбинација со екстремно ниската еколошка свет, резултира со неброени диви депонии кои се наоѓаат дури и во Националните паркови. Како едно од решенијата на ваквата веќе неиздржлива ситуација е изградба на современи регионални депонии, какви што има во сите нормални земји.

YouTube video

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година, одржани во Истанбул, беа „исклучително важни“ за напредок кон ставање крај на војната, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Тој на новинарите во авионот со кој се враќаше од самитот на Европската политичка заедница во Тирана, им рече дека „состанокот на делегациите на двете држави (Русија и Украина) во Истанбул е исклучително важен за завршување на војната … и воспоставување мир“.

Првите мировни преговори меѓу делегациите на Украина и Русија од пролетта 2022 година се одржаа вчера во Истанбул со посредство на Турција.

Русија преку својот преговарач Владимир Медински соопшти дека е „задоволна“ од исходот на преговорите одржани во Истанбул и оти е „подготвена да ги продолжи контактите“.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот.

Украина побара средба на шефовите на држави Владимир Путин и Володимир Зеленски, а Медински рече дека Русија ќе го разгледа тоа, и додаде дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите.

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра

Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра

Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.

- Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години, сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот, вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два стана - еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Меѓународна конференција во Скопје „Сребреница – совеста на светот“

Во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), денеска во Скопје започна меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, посветена на одбележувањето на 30 години од геноцидот во Сребреница.

Меѓународна конференција во Скопје „Сребреница – совеста на светот“

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, истакна дека конференцијата има две главни цели, сеќавање на жртвите од геноцидот и демократски одговор на неговото негирање.

-Нашата цел е да продолжиме како општество да се сеќаваме на жртвите од геноцидот во Сребреница, рече Хоџиќ, потсетувајќи дека Северна Македонија уште во 2010 година ја поддржала резолуцијата на Европскиот парламент за осуда на геноцидот.

Втората цел, како што дополни, „е да дадеме демократски одговор на тој антицивилизациски чин на негирање на геноцидот“.

На прашањето дали по 30 години од Сребреница, е „разбудена“ совеста во општеството, Хоџиќ потенцираше дека „светот денеска изгледа доста конфузно“, споменувајќи ги трагедиите во Газа и Украина како знаци дека светот сè уште не ги научил лекциите од минатото.

Во рамки на конференцијата се предвидени бројни панел-дискусии на кои ќе учествуваат политички и аналитички експерти, пратеници и претставници од различни организации, меѓу кои Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Енес Ибрахим (Партија за движење на Турците), Ивон Величковски (Нова Република), поранешните пратенички Санела Шкријељ и Никица Корубин, новинарот и истражувач за дезинформации од ЦИВИЛ, Дехран Муратов, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, геополитичкиот аналитичар од Бугарија, Владимир Владимиров, пратеници од СДА Санџак во парламентот на Србија и други.

Освен локални учесници, преку видео-пораки ќе се обратат и европратеникот Илхан Ќучук (Бугарија), експертите за човекови права Хедер Роберсон Гастон (САД) и Кирстен Шонефелд (Германија), која е и директорка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ за Србија и Црна Гора.

притисни ентер