„Планински велосипедизам“ со поддршка на Владата, Европска Унија и Светска Банка

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на СБ за Македонија и Косово, Марко Мантованели, присуствуваа на промоцијата на подпроектот „Планински велосипедизам“ на здружението Малешевска корија.

Toe a дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, кој се реализира од Кабинетот на Вицепремиерот со финансиска поддршка од делегацијата на Европска Унија и од Светска банка.

Зборувајќи на промоцијата, вицепремиерот Анѓушев истакна дека ова е еден од вкупно 47-те подпроекти кои во моментот се спроведуваат во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност. Овој Проект, со вкупна вредност од 21 милион евра, содржи три компоненти: поддршка на локалната самоуправа во изградба на инфраструктура за поттикнување на конкурентноста, особено во туризмот, поддршка на микро, мали и средни претријатија кои се занимаваат со туризам и угостителство, како и поддршка на здруженија и асоцијации од туристичката дејност.

„Целиот буџет за Проектот за локална и регионална конкурентност, што се однесува на поддршката од ЕУ, односно од ИПА програмата, е во форма на грант во вредност од 18 милиони евра, како и 3,2 милиона евра сопствено учество на нашата држава. Досега се потпишани 47 договори за подпроекти и 2020 година очекуваме да биде завршната имплементација на проектот, кога и ќе бидат и потрошени најголем дел од средствата. Претходно беа извршени подготвителни работи во делот на создавање на проектот, спроведување на тендерски постапки, а сега веќе е влезено во реализација и најголем дел од проектите се спроведуваат и истите ќе бидат реализирани. На здружението Малешевска Корија, кои го спроведоа подпроектот „Планински велосипедизам“, во вредност од околу 3,2 милиони денари, им посакувам многу успех, преку оваа активност да привлечат многу туристи. Тоа дека туризмот може да биде една од гранките која што може да ја задвижи економијата покажуваат и последните официјални бројки. Во септември 2019 година, споредено со септември 2018 година имаме зголемен број на туристи за 12,8 %, како и зголемување на број на странски туристи за 17.8 % во овој месец во нашата државата. Исто така и кумулативно, од почетокот на годината до септември, бројките се охрабрувачки, растат и тоа што е поважно бројот на странски туристи и бројот на ноќевања се зголемува. Се надевам дека овој проект ќе придонесе ова и понатаму да биде тренд и да биде само уште повеќе изразено во нашата држава. Подпроектот кој се спроведува во Берово покрај тоа што има економска компонента има и социјална компонента и уште една подлабока компонента, а тоа е дека со збогатување на туристичката понуда, се зголемуваат можностите како младите луѓе од Берово, но и од целиот Малешевски регион да обезбедат своја егзистенција и иднина и да продолжат да живеат во регионот и да не ја напуштат нашата убава држава“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

ЕУ Амбасадорот Жбогар посочи дека Македонија е објавена од страна на Lonely Planet како една од 10-те дестинации која треба да се посети во 2020 година.„Европската Унија финансира 47 подпроекти со грант од 18 милиони евра, за да и помогне на Македонија да ги достигне туристичките потенцијали. Јас доаѓам од Словенија и ние имаме кај нас природа и сме горди на таа природа, но таа сама по себе не е доволна, туристите бараат повеќе: авантура, гастрономија, искуство, култура, за да добијат целосно доживување. Македонија ги има сите потребни елементи, а сега треба да се доврши приказната, да се изгради наратив и кога го велам тоа, се сеќавам на филмот „Полето на соништата“ каде велат „Ако го изградите, ќе дојдат“ и токму тоа сега заеднички го правиме“, потенцира Амбасадорот Жбогар.

Преку Проектот за локална и регионална конкурентност, Светска банка има за цел да го зголеми придонесот на туризмот во локалниот економски развој, преку зајакнување на управувањето со туристичките дестинации и надградба на туристичките капацитети и инфраструктура, развој на вештините, креирање на работни места и поддршка на бизнисите во туристичката дејност, рече Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија и Косово.

„Планинскиот спортски клуб ‘Малешевска корија’ од Берово е една од 17-те асоцијации кои добија под-грантови од Проектот. Вкупната вредност на овие под-грантови за асоцијации е над 1,2 милиони евра, за развој на нови атракции за туристите низ целата земја, како што се летање со балони на топол воздух, јавање коњи , планински велосипедизам, обележани патеки за пешачење, самоводечки тури и падобрански скокови во тандем“, подвлече Мантованели.

Директорката на Проектот Антонија Шишак нагласи дека Преку проектот за локална и регионална конкурентност се финансираат проекти коишто треба да ја збогатат туристичката понуда на нашата земја и да ја подобрат инфраструктурата и пристапноста до туристичките локации и атракции.

„Проектот кој што денес ви го промовираме на планинарско спортскиот клуб Малешевска Корија е планинска велосипедизам дестинација и претставува еден од многуте проекти доставени од асоцијациите и здруженијата на граѓани. Тие на еден убав и суптилен начин успееја она што беше идентификувано како недостаток во плановите за развој на дестинацијата Малешево и околината да го преточат во своја предност и да направат еден убав пакет нудејќи на приоритетните пазарни сегменти, а тоа се независните активни туристи и организираните активни туристи кои што очекуваат не само да ја видат убавата природа туку очекуваат да доживеат и некои други доживувани искуства“, нагласи директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишак.

Претседателката на здружението Малешевска Корија, Дафинка Дина Муцунска за време на промоцијата ги презентираше резултатите од проектот и ги претстави знаменитостите со коишто може да се пофалат Берово и Малешевијата.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер