Шоу биз„Пиев по литар и пол водка, се најдов на работ на амбисот“ (фото) Храбра исповед на Даница Максимовиќ во борбата со алкохолизмот Актерката Даница Максимовиќ отворено проговори за својот порок кој успеала да го победи. Таа изјави дека е горда на начинот на кој се изборила со алкохолизмот. Сè се случило кога почнала активно да глуми во театарот, па честопати се наоѓала во ситуации во кои алкохолот се точел во големи количини. Како што истакнува, сè започнало спонтано. - Бев спортист и влегов во театар, а сите го консумираат тоа. Не те одминува, за мене тоа беше поразително. Луѓе сме и имаме пороци, малку фали да се премине границата. Е, кога ќе дојдете на работ на својата пропаст, тогаш се вразумувате. Пиев литар и пол водка дневно – ја започнува актерката својата исповед. Според неа, сега е горда на себе. -Моја најголема победа е што го надминав порокот. Горда сум на себеси... горда е и мојата докторка, домашните, пријателите – рече Даница и откри колку време траела нејзината борба. - Некаде околу осум месеци, кога сте дисциплинирани, а јас сум дисциплинирана и сè помина во најдобар ред... Знаев дека имам проблем, само ми требаше мала помош. И така беше. Бргу се изборив и еве, 30 години сум своја на своето, на суво - изјави Даница во емисијата „Сè на сè“ на ТВ Прва. Актерката нагласи дека низ процесот на лекување не може да се помине без искрена поддршка на блиските луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter