3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
Култура„Пејзаж на вознемиреност“ – проект на МСУ за зачувување на здравата животна срединаСо работилница во Велес, Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени).Од МСУ – Скопје информираат дека проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлотација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции. – Главно прашање на проектот е како институциите во културата и уметниците можат да придонесат во справување со овие кризни состојби. Со овој проект, Музејот на современата уметност презема важна институционална улога осредоточена на ефектите од климатските промени, погрешните локални политики, загадувањето на воздухот, депониите и губењето на биодиверзитетот, посочуваат од МСУ. Најавуваат дека во претстојниот период, проектот вклучува повеќе серии на работилници во Скопје, Велес, Битола и Преспа, кои ќе се реализираат во соработка со локални еколошки друштва и организации, преку кои, новите генерации уметници, истражувачи и активисти во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени. Овој процес на едукација и размена на искуства ќе резултира со создавање колаборативни уметнички дела, публикација на рециклирана хартија, и изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во Март 2023 година. На 4 ноември е договорена првата работилница во Велес, со учество на Тихомир Топузовски (раководител на проектот) Ивана Васева (кураторка) Кирил Арсовски (биолог и еколог) Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска (ОПА, уметнички колектив) Ивана Мирчевска (уметницa) Дарко Алексовски (уметник), како и членови на Еколошко друштво од Велес „Вила Зора“. Учесниците во работилницата првин ќе одат во посета на неколку значајни локалитети во Велес: Езеро Младост – Како човекот низ просторот и времето го менува и прилагодува релјефот; „Топилница“– Историските и моменталните траги од човечката индустријализација и во Велешки Ади, Градски Парк – Историската и културолошкaта промена на потребата и начините на кој човекот ги искористува природните ресурси. Потоа, со почеток во 12 часот на пладне ќе се одржи работна сесија во Ликовниот центар на „Народен музеј“ Велес, каде ќе се одржи предавање на тема „Природна и еколошка карта на Велес“, потоа разговор со локален еколошки активист Вила Зора – Велес и на крајот ќе се води дискусија. Северна Македонија и земјите од Западен Балкан преставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред се, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии и енергетската сиромаштија на населението. Низа фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата и севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикуваат негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните. Културата е суштинска алатка за генерирање на еколошки ангажмани, истовремено влијаејќи на други меѓусебно поврзани агенди, како што се урбаното планирање, социјалната вклученост и правото на здрава животна средина. Основната цел на проектот е да создаде услови за квалитетна размена на знаења, соработки, едукација и уметничка продукција, преку која уметниците, истражувачите, еколозите, активистите и граѓаните во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени. Проектот е целосно финансиран од ФООМ (Фондацијата Отворено општество – Македонија).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ЗабаваОд Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура. Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим. Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје. Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион. Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини. Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни. Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето. Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди. Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот. Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен. Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје. Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд. Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци. Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФерен Торес на пат за Париз!?Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ. Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион. „Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра. Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook