„Пегаз" – најновата закана за демократијата во светот - Канал 5

„Пегаз" – најновата закана за демократијата во светот

 По откритието за софтверот „Пегаз", со кој се шпионирале илјадници луѓе низ целиот свет, веќе два дена не стивнуваат ниту реакции, ниту објавувања нови детали и информации околу аферата.

„Пегаз" – најновата закана за демократијата во светот

Парискиот дневен весник „Ле Монд" и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви кои потенцијално биле следени со „Пегаз", моќен израелски шпионски софтвер, кој го купувале влади на десетина држави.

На листата се наоѓаат шеф на една европска држава и двајца шефови на влади, мажи и жени на највисоки позиции на власт во поранешна советска република, десетици опозициски пратеници од една африканска земја, принцови и принцези, деловни лидери, неколку милијардери, амбасадори, генерали. Меѓу следените се и стотици новинари, адвокати, активисти за човекови права ...

Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истрагата на „Гардијан", „Вашингтон пост", „Ле Монд" и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер „Пегаз" на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без знаење на сопственикот.

„Пегаз" може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се WhatsApp, Telegram и Signal, е-пошта, текстуални пораки, GPS податоци и списокот со контакти на телефонот. „Пегаз" им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

Корисници на софтверот биле репресивни режими, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Азербејџан.

Извоз во согласност со законите на Бугарија, Израел и Кипар

Креаторите на скандалозниот софтвер, НСО Груп вчера соопштија дека ја извезувале програмата според извозните правила на Бугарија, Израел и Кипар.

„НСО Груп сериозно ги сфаќа етичките размислувања, регулирана е од режимите за контрола на извозот на Израел, Кипар и Бугарија и се продава само на проверени владини клиенти", се вели во соопштението на компанијата.

Кипарскиот огранок на компанијата беше затворен во август минатата година. НСО Груп ова го објасни со преструктуирање на бизнисот. Поранешни нејзини вработени од Кипар велат дека таа има уште една база којашто се наоѓа во Бугарија.

Во мај 2019 година, невладината организација „Пристап сега" (Access Now) ги предупреди властите во Бугарија и Кипар, повикувајќи ги да обрнат внимание на извозот на компанијата поради злоупотреба на технологијата на НСО Груп.

Осуди од сите страни

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „Пегаз" за шпионирање новинари или активисти на невладини организации.

– Проверуваме дали се случило тоа, но ако е точно тогаш е апсолутно неприфатливо и е спротивно на сите правила. Во Европската Унија имаме слобода на медиумите и слобода на говор, и тоа е еден од столбовите на Унијата, истакна Фон дер Лајен на прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Претседателката на ЕК реагираше на медиумските објави за скандалот во кои се вмешани некои влади и разузнавачки служби, меѓу нив и од ЕУ, конкретно спомнувајќи ја Унгарија. Официјална Будимпешта демантираше дека го користела „Пегаз" за шпионажа.

За поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, аферата „Пегаз" е „настан на годината".

– Владите мора да воведат глобален мораториум на трговијата со меѓународен шпионски софтвер или да се соочат со свет во кој ниту еден мобилен телефон не е безбеден од државно спонзорирани хакери, изјави Сноуден за „Гардијан" по откритијата за клиентите на НСО Груп.

Шпионирањето го осуди и портпаролот на француската влада Габриел Атал, кој рече дека фактите се „крајно шокантни" и „доколку се докаже дека се точни, тие се крајно сериозни".

Во Франција, порталот на независни медиуми Медиапарт поднесе тужба во Париз затоа што меѓу десетте илјади броеви што ги следеле мароканските тајни служби биле и мобилните телефони на негови вработени, а тужба најави и сатиричниот неделник „Окованиот патор" (Le Canard Enchaîné).

– Ќе поднесеме тужба, рече Мишел Гајард, извршен директор на Le Canard Enchaîné.

Германскиот сојуз на новинари побара објаснувања и контрамерки, јави германската новинска агенција ДПА.

Претседателот на германското здружение на новинари, Френк Уберал, го нарече „невиден скандал со прислушување", а претседателката на Германскиот новинарски сојуз Моник Хофман, бара ограничувања за извозот на технологијата за надзор.

– Авторитарните држави го користат „Пегаз" за да ги замолчат гласовите на критика и спротивставување, предупреди Хофман.

Унгарската опозициска Демократска коалиција (ДК) побара од Владата писмен одговор на извештајот дека шпионскиот софтвер „Пегаз" бил користен во Унгарија за да собере информации за опозициски политичари и новинари.

– Сакаме да знаеме кого власта незаконски прислушувала, рече Агнес Вадаи од ДК. Таа додаде дека софтверот е достапен само за владите бидејќи неговата продажба е одобрена од израелското Министерство за одбрана.

Јанош Халаш, заменик на парламентарниот комитет за безбедност, како пратеник на владејачката партија Фидес, рече дека „извештаите за прислушувањето објавени во левичарските медиуми се неосновани и имаат за цел сеење политички немири".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер