Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
1Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
3Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
Шоу биз„Парни ваљак“ ја објави првата песна со новиот пејач: Продолжуваме понатаму (ВИДЕО)По неколкумесечни шпекулации и исчекување, Парни ваљак претставува нова авторска песна и порачува: „Продолжуваме понатаму“.„Моја глава, мои правила“ е нивниот нов сингл, отпеан од музичарот Игор Дрвенкар. „Ги надминавме дилемите, продолжуваме понатаму, бидејќи без свирење немаме цел. Аки секогаш ќе биде присутен во нашиот дух, а во Игор препознавме одличен човек со кого тргнуваме во нова авантура“, велат од бендот и го потврдуваат продолжувањето на нивните активности. Музиката и текстот за новиот сингл „Моја глава, мои правила“ ги напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус. Песната е напишана пред неколку месеци, кога членовите на бендот одлучија Игор да биде наследник на непрежалениот Аки Рахимовски. Станува збор за еден од најдобрите локални млади вокали кој ја воодушеви јавноста со своите настапи во шоуто А страна и во мјузиклите Убавицата и ѕверот и Исус Христос Суперѕвезда. „Замислете ја ситуацијата одеднаш да се најдете на сцената од публиката, со најголемиот бенд на овие простори. Секое утро се штипкам за да се уверам дека ова не е сон и свесен сум за одговорноста што ја носи оваа улога“. вели Игор. Видеото е дело на загрепскиот фотограф и режисер Динко Чвориќ - Доринг, со тим составен од Давор Батисвајлер (дополнителна камера), Марија Цвитановиќ (стајлинг) и Ивана Шимуниќ (шминка). Атмосферата која владее во спотот, членовите на бендот даваат јасна порака дека се заедно, свират и има повеќе инспирација во нив. Заедно со музичките пријатели и публиката, Парни ваљак му оддаде почит на Аки Рахимовски со два концерта минатата година, Ваљак и пријателите: Доста е кажано...Аки, одржан на 26 март во загребската арена, а потоа на 25 јуни во арената во Пула . Бендот сега влегува во ново поглавје бидејќи, како што самите потврдуваат, едноставно не можат без свирење. Новата авторска песна е првиот чекор од таа авантура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЕвропаПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчиПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%. Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-КанадаВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји. Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа. И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter