Македонија Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договорДа ги учиме лекциите од минатото, но да се фокусираме на иднината на државата, без нови етнички линии, туку вистинско инклузивно општество. Ова беа дел од пораките на денешните панел дискусии со кои почна одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, правата на заедниците се трајни и никој не треба да ги преспитува, а следните 25 години мораме да ги насочиме кон одговорност, квалитет и резултати. Борбата со корупцијата нема етничка припадност, посочи тој. Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати, со порака дека отворениот и конструктивен дијалог е неопходен за создавање нова култура на политички и општествени односи. -Заштитата на правата не треба да значи дека ние како нација бесконечно ќе создаваме нови етнички линии во нашите институции или во нашето општество. Сметам јас лично дека ние како држава сме созреале да имаме капацитет да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество, којшто е насочено пред се на предизвиците на 21 век. Моја најголема грижа од политичка гледна точка е дека во нашето општетсво се уште постојат поединци и политички партии коишто се обидуваат да се наметнат како сопственици на една заедница по етничка линија, како само тие да штитат права не една етничка заедница и се грижат за меѓуетничките релации што постојат во државата и тоа е најопасната теза, изјави Муцунски. -Таквиот отворен и конструктивен дијалог би бил силна порака до јавноста и темел за градење на нашите внатрешни капацитети за нова култура на политички и општествен дијалог, изјави Ферати. За лидерите на ВРЕДИ и градоначалници на Тетово и Чаир, Касами и Меџити, спроведувањето на Охрдискиот рамковен договор мора да продолжи, но потребна е поголема функционална децентрализација која придонесува за мултиетничкото општество и соживотот. -После 25 години ме е доволно да кажеме дека децентрализацијата е важна, мора да прифатиме дека процесот страгнирал и дека неколку начела од Охрдискиот договор се уште чекаат на целосна имплементација. Потребно ние ново партнерство меѓу централната и локалната власт, изјави Касами. -Ние влеговме во нова фаза од административни механизми кон законски и институционални гаранции. Најзначаен пример е правичната застапеност. Години по ред ова начело се спроведуваше преку административните механизми, а денес целта е тој да се уреди со посебен закон и да претставува јасна обврска за државните институции, изјави Меџити. Одбележувањето на јубилејот продолжува и утре во 19 и 30 часот на Камениот мост во Скопје. ДУИ, пак, за утре попладне закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter