Османи: Има дупка во срцето на ЕУ без западен Балкан!

Иако информациите од Луксембург се дека Бугарија останува на ветото за земјава, шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи вели дека е очекува Македонија да добие зелено светло за старт на преговори до крајот на неделава.

Османи сепак признава дека можноста е теоретска, но додава дека официјална Софија се соочува со притисок од останатите земји-членки на Унијата, а во моментов одлуката е во рацете на бугарскиот Претседател Радев. Доколку Македонија пак не ги започне преговорите месецов, Османи предупреди дека ситуацијата може да биде променета во октомври кога е идниот Европски совет. Османи откри и дека португалскиот предлог го третира прашањето за јазикот.

Шефот на македонската дипломатија беше гостин на неговата шведска колешка Ан Линде, која е во еднодневна посета на земјава во рамки на шведското претседателство со ОБСЕ. Линде изрази загриженост што Бугарија и понатаму не го дава потребното зелено светло за почеток на преговори со ЕУ. Според неа, Македонија ги има исполнето сите услови за старт на преговорите, а тоа како што кажа е став на сите министри за надворешни работи на ЕУ, освен на бугарскиот.

Шефицата на шведската дипломатија порача и дека граѓаните на земјава не треба да бидат обесхрабрени иако како што кажа, имаат причина да бидат разочарани. Министерот Османи пак истакна дека интегрирањето на Македонија кон ЕУ, не е само од наш интерес, туку и од интерес на Унијата и додаде дека таа не е целосна без земјите од Западен Балкан

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година, стои во соопштението од РКЕ.

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото п.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

притисни ентер