3Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
Шоу биз„Оскари“: Вкупно 25 номинирани и годинава ќе добијат подароци вредни илјадници долари Номинираните за „Оскарите“ и годинава ќе добијат вредни подароци, со ваучери за патување и престој во хотели со пет ѕвезди, објавија американските медиуми.Слоганот на маркетинг-агенцијата „Дистинктив асетс“ (Distinctive Assets), којашто секоја година ги доделува наградите е - „Сите се победници“. Тука спаѓаат номинираните во главните категории најдобра машка главна и споредна машка улога, главна и споредна женска улога и режисер. Тоа значи оти 25 познати личности ќе ги добијат овие скапи подароци, меѓу нив и - Тимоти Шаламе, Деми Мур, Адријан Броди и Зои Салдања. Годинава не се знае колку точно, и вкупно, чинат подароците, но лани номинираните уметници добија „споредни награди“ од околу 165.000 евра. Меѓу најскапите подароци се патувањата - петдневен престој во луксузен велнес центар во Шри Ланка, четиридневен престој во луксузно одморалиште на Малдиви и одмор во хотел со пет ѕвезди во Барселона, Шпанија. Номинираните за Оскар ќе добијат и третман за тело во центар за липосукција, како и пакет производи за нега на кожата, накит, слатки задоволства, алкохолни пијалоци, облека и чанти. А, самата награда „Оскар“ е позлатена статуетка од британиум на црна метална основа, долга 13,5 инчи (34 сантиметри) и тешка 3,85 килограми. Прикажува исправен маж во стилот на „Арт Деко“, кој држи меч додека стои на ролна филм. Академијата обично не ги организира подароците, туку маркетинг-агенцијата којашто обезбедува подароци и на други слични свечености.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаЗНАМ- Отчет две години учество во владатаДвижењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА. ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ. ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“ Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години. Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика. „Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски. Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат. „Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ. Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви. „Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните. Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја. Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава. „Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Здравје „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување.. Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври. Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината. -Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Здравје„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника КозлеСо донација од 2,2 милиони денари, Алкалоид обезбедува нова опрема за Универзитетската болница Козле. По повод 90-години постоење, денеска се одржа хуманитарен пикник под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook