„Оскари“: Вкупно 25 номинирани годинава ќе добијат подароци вредни 205.565 евра - Канал 5

„Оскари“: Вкупно 25 номинирани годинава ќе добијат подароци вредни 205.565 евра

Номинираните за „Оскарите“ во побитните категории и годинава ќе добијат вредни подароци, со ваучери за патување и престој во хотели со пет ѕвезди, објавија американските медиуми.

„Оскари“: Вкупно 25 номинирани годинава ќе добијат подароци вредни 205.565 евра

„Утешните награди“ лани вредеа околу 165.000 евра, а оваа година тие ќе чинат 216.190 американски долари.

Маркетинг-агенцијата „Дистинктив асетс“ (Distinctive Assets), секоја година ги доделува и главните награди, па се чини, нивниот слоган е: „Сите се победници“. Така, номинираните за најдобра главна и споредна женска улога, главна и споредна машка улога и режисер - вкупно 25 познати личности ќе добијат од овие скапи „споредни награди“. Меѓу тие имиња, годинава се: Тимоти Шаламе, Деми Мур, Адријан Броди, Зои Салдања и др.

Меѓу најскапите подароци се патувањата - четиридневен луксузен велнес-одмор и престој во одморалиште на Малдивите (којшто чини 23.549 долари) и соба во хотел со пет ѕвезди во Барселона, Шпанија. Пакетот содржи вкупно 61 подарок и услуга. Меѓу нив се и следниве: Персонализирана поддршка за обновување при катастрофи (3.500 долари достапни за секој номиниран, плус 10 ваучери од 3.500 долари за споделување со жртвите од пожарите), помош од „Брајт харбор“ (Bright Harbor),, најнови козметички производи и производи за нега на коса од „Л'Ореал Париз“ (L'Oréal Paris), пакет „Номатик травел“ (Nomatic Travel) од 599 долари, Луксузна кутија за подарок од 400 долари од „Пети Пут“ (Petty Pout), 25.000 долари за тримесечно членство во „Ворлд експлорер“ (World Explorer), најсовремена липосукција „Артлипо“ (ArtLipo) во вредност од 25.000 долари.

Номинираните ќе добијат и производи за нега на кожата, накит, слатки задоволства, алкохолни пијалоци, книги, облека и чанти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер