„OPEL MOKKA“-е во зима: Со максимална ефикасност и удобрност - Канал 5

„OPEL MOKKA“-е во зима: Со максимална ефикасност и удобрност

„OPEL MOKKA“-е во зима: Со максимална ефикасност и удобрност

• Намалете ја потрошувачката на енергија, одржувајте го опсегот при возење

• Ефикасност, како и удобност благодарение на технологијата за греење на внатрешноста

• Регенеративно сопирање осигурува да не се троши енергија

Како што дневните часови се скратуваат, температурата паѓа, а есента завршува и почнува зимата, важно е електричните возила со батерии да работат со максимална ефикасност. Со Opel Mokka-e, возачот и патниците не само што патуваат локално без емисии, туку можат да ја одржат потрошувачката на енергија на ниско ниво, а опсегот висок благодарение на различните системи и технологии за греење на внатрешноста.

Топлинската пумпа и апликацијата го олеснуваат загревањето на внатрешноста и поставувањето на температурата

Првите чекори кон максимална ефикасност се направени уште пред почетокот на патувањето. Возачите на Opel Mokka-e едноставно ја поставуваат температурата додека автомобилот е поврзан на надворешното напојување преку приклучок за домаќинство, ѕидниот полнач или брз полнач. На овој начин, потребната енергија за греење доаѓа од надворешното напојување и целосниот електричен опсег до 338 km (според WLTP ) е достапен уште од самиот почеток. Благодарение на стандардно вградената топлинска пумпа, генерираната топлина се користи за загревање на внатрешноста без да мора да се вклучи конвенционалното греење, што би го загрозило опсегот.

Покрај тоа, сопствениците на Opel Mokka-e можат да ја користат апликацијата myOpel за програмирање од далечина на греењето на внатрешноста од својот дом пред да тргнат. За неколку минути, кабината достигнува удобна температура од околу 21 целзиусови степени, а прозорците се без мраз.

Регенеративниот систем за сопирање генерира енергија

Покрај физичката топлина што ја обезбедува Opel Mokka-e, тука е и чувството за одговорно и ефикасно возење – особено при забавување и при спуштање на удолнина. Електричниот мотор станува генератор и ја претвора кинетичката енергија на забавување во електрична енергија. Ако возачот се префрли во режим на возење B, ефектите се зголемуваат. Батеријата од 50 kWh се полни без никакви трошоци – и енергијата се заштедува за следната фаза од патувањето. Mokka-e нуди и три режими на возење: Eco, Normal и Sport – со избирање на режимот Eco, возачот може да му даде приоритет на опсегот пред перформансите.

Како дополнителна безбедносна придобивка, агилноста и држењето на патот се дополнително подобрени за тешки зимски услови благодарение на интеграцијата на батеријата во долниот дел од каросеријата, што го намалува центарот на гравитација.

Со овие технологии во внатрешноста, возачите и патниците на Opel Mokka-e можат удобно да тргнат на патувања во зима, со максимална ефикасност и локално без емисии. Кога е време за полнење, сите клиенти на Mokka-e имаат придобивки од стандардната можност за брзо полнење со еднонасочна струја од 100 kW: само 12 минути полнење на јавна станица за полнење од 100 kW додава 100 km опсег за возење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). 

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во  „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи.

Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер