3МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
Култура„Охридско лето“ денеска слави 62 години успешно постоењеСелекторката на драмската програма, Сања Арсовска честитајќи му го роденденот на „Охридско лето“, подвлече дека фестивалот е пристаниште за најквалитетните театарски креации.„Четврти август, денот кога започна „Охридско лето“, денот кога и се поклонуваме на оперската дива Ана Липша Тофовиќ, го славиме со огромна возбуда но и одговорност пред сѐ поради значењето и големината на оваа наша најголема музичко-сценска манифестација. Низ годините, тука, на фестивалската сцена настапиле најзвучните имиња од светот на музиката и театарот. Звуците на класичната музика во прекрасната Света Софија, грандиозните дела на неповторливиот Антички театар и квалитетните и атрактивни театарски претстави, се само доказ дека во древниот Охрид повеќе од половина век се негува музичката и театарска совршеност“. Ова денеска го изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ на прес-конференција посветена на концертот на Фламенко балетот „ЛУКСУРИА“, едно од најспектакуларните фламенко продукции во светот со што ќе се одбележи 62-от роденден на „Охридско лето“. Таа додаде дека над 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари годинава, на 62-то фестивалско издание ја вознесуваат убавината на уметноста и создаваат магија во која уживаат бројни љубители на уметноста. -За повеќето настани се бара и карта повеќе што за нас значи потврда дека сме на вистинскиот пат. Остануваме посветени и доследни на она што го трасирале генерации пред нас, на нивните напори „Охридско лето“ да биде најголемо, највредно и најзначајно, истакна Поповиќ. Најавувајќи го вечерашниот роденденски концерт на Античкиот театар на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија по повод роденденот на „Охридско лето“ потсети дека овој фестивал е најпрестижниот меѓународен фестивал во Република Македонија на кој откако е основан во 1961 година досега продефилираа реномирани уметници од целиот свет. -Амбасадата на Шпанија во Скопје со години соработува со фестивалот со цел да ги претстави шпанските музички уметници на овој престижен фестивал и во неспоредливиот амбиент на Охрид, средина класифицирана од УНЕСКО како заедничко наследство на човештвото. Чест е за Амбасадата на Шпанија да биде дел на овој меѓународен фестивал. Благодарност до организаторите и градот Охрид и државните субјекти кои соработуваат, особено Претседателот на Републиката и Министерството за култура. Се надеваме дека овој концерт на фламенко, предложен од самата министерка за култура, ќе и се допадне на бараната публика на овој голем фестивал, изјави шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија. Како што најавија на денешната роденденска прес-конференција селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Бисера Чадловска и Сања Арсовска, досегашните концерти и театарски претстави на 62-то издание донесоа многу возбуда кај публиката токму заради нивниот квалитет. -Досега имавме многу успешни концерти со прекрасни уметници кои гостуваа од целиот свет како и од нашата држава. Се радуваме на нивните успеси и на преполната сала каде што се одржуваат нашите концерти. По вечерашниот настап на Фламенко балетот „Луксурија“ нѐ очекуваат исто така успешни концерти. Се радувам кога се случувааат вакви успешни фестивалски денови и сметам дека овој фестивал е многу значаен за нашата држава како една културна традиција која ќе продолжи со ист ваков успех и интензитет, истакна селекторката Чадловска. Селекторката на драмската програма, Сања Арсовска честитајќи му го роденденот на „Охридско лето“, подвлече дека фестивалот е пристаниште за најквалитетните театарски креации. -Благодарение на „Охридско лето“, Охрид изминативе 20-тина дена беше пристаниште на најдоброто од дома, на најквалитетните театарски претстави, на микс на драмски стилови и сценски јазици, наративи со коишто покажавме дека театарската уметност дише значајно, силно и здраво. До крајот на ова фестивалско издание ни остануваат уште четири театарски претстави коишто ќе се закотват на нашето театарско пристаниште. Би сакала да му го честитам 62-от роденден на „Охридско лето“ и да посакам да продолжи да сјаје најсветло помеѓу меѓународните фестивали од ваков тип, додаде селекторката Арсовска. Честа да го одбележи роденденот на „Охридско лето“ ја има Фламенко балетот „Луксуриа“ од Барселона, Шпанија кој ќе настапи вечерва на Античкиот театар од 21 часот. Хаиме Транкосо од менаџментот на Фламенко агенцијата се заблагодари за организацијата на вечерашниот настап, на директорката Наташа Поповиќ и на амбасадата на Кралството Шпанија. -Привилегија е да се настапува на 62-годишнината на фестивалот, а исто така за нас е важно што овој перформанс го подготвувавме уште пред пандемијата и дојде време кога ќе го прикажеме на сцена, рече Транкосо. Главните танчери вечерва ќе бидат Давид Гутјерез и Паула Рејес. -Првите импресии се волшебни. Воодушевени сме од Охрид, но и од климата бидејќи Шпанија во моментов се соочува со топлотен бран. Голема благодарност до организацијата на фестивалот и до Амбасадата на Кралството Шпанија за да се реализира проектот. Ги поканувам луѓето во Охрид да дојдат и да уживаат во вечерашната претстава која меѓународно е многу добро прифатена. Она што ќе можат да видат вечер е изведба на класично фламенко со модерни примеси, најави Гутјерез. -За нас е значаен вечерашниот концерт бидејќи настапуваме пред нова публика и на нова сцена, додаде Рејес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лицеПо документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него. По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.Тагови: револвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураКонцертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит ФестКонцертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас - баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство. Публиката ќе има можност да слушне дела на Рубинштајн, Чајковски, Даргомижски, Штолц, Штраус, Шуберт, Тости и Ибер, меѓу кои и култната „Ideale“ од Тости, по која концертот го добива своето име. Особено место во програмата зазема и циклусот „Шансоните на Дон Кихот“ од Ибер, како и интерпретациите на македонските народни песни „Кога падна на Пирина“ и „Сношти минав покрај вази“, во обработка на Горан Начевски и Дарија Андовска. Иван Наумовски е еден од најафирмираните македонски вокални уметници од својата генерација. Бас-баритонот, кој е доцент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своето образование го надградува на престижните универзитети за музика и изведувачки уметности во Грац и Виена. Неговата професионална кариера опфаќа настапи на значајни оперски и концертни сцени во Европа и САД, како и учества на реномирани фестивали. Оперското деби го остварува во Опера Грац, а настапувал и во Македонската опера и балет, со репертоар кој вклучува повеќе значајни улоги. Особено важен момент во неговата кариера е дебито во 2025 година во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните концертни сали во светот. Партнер на сцената ќе му биде Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на Катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Таа е препознатлива по префинетиот звук, елегантниот музички израз и богатото концертно искуство. Како солист и камерен музичар настапувала во повеќе европски земји, како и во САД, а соработувала со бројни истакнати домашни и странски уметници. Со својата богата програма, концертот „IDEALE“ ветува музичка вечер во која виртуозноста, емоцијата и раскошот на вокалната интерпретација ќе се сретнат со суптилноста и моќта на пијаното. БИТ ФЕСТ – 15 август, 20:00 часот, Офицерски дом – Битола. Вечер посветена на музиката, големите автори и врвните македонски уметници.Тагови: Бит Фест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоциЛажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка. СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..." Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter