„Охрид SOS“: О.Охрид и државата имаат обврска ГУП и ДУП-овите да ги носат согласно препораките - Канал 5

„Охрид SOS“: О.Охрид и државата имаат обврска ГУП и ДУП-овите да ги носат согласно препораките

Општина Охрид и државата имаат обврска ГУП и ДУП-овите за градот да ги носат согласно препораките на УНЕСКО.

„Охрид SOS“: О.Охрид и државата имаат обврска ГУП и ДУП-овите да ги носат согласно препораките

Активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ реагираат на тврдењата на Општина Охрид, дека истата нема ингеренции врз плановите за идниот изглед на Здравствениот дом „Маларична“ и објектот на детскта градинка „Јасна Ристеска“ во центарот на градот.

Од „Охрид SOS“ посочуваат дека тврдењата изнесени од Општина Охрид дека од моментот кога е донесен Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, сите постоечки урбанистички планови и целокупното урбанистичко планирање во Охрид се усогласуваат со овој план и препораките од УНЕСКО, како и дека уште на сам почеток е процедурата на носење нов Детален урбанистички план за тој опфат од градот, така што се уште не можат однапред да дадат прецизни податоци за видот или изгледот на објектите кои ќе бидат дел од планот.

Активистите на „Охрид SOS“ во писмото лиферувано до медиумите постауваат прашања како е можно со ДУП од 2008, но и од 2023 година на местото на здравствената установа да бидат вцртани огромни станбени објекти, како и кој го отуѓил државното земјиште на кое се наоѓа здравствениот комплекс за приватна инвестиција.

Според нив, апсолутна невистина е дека „од моментот кога е донесен Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, сите постоечки урбанистички планови и целокупното урбанистичко планирање во Охрид се усогласуваат со овој план и препораките од УНЕСКО“.

„Општина Охрид постапува незаконски со тоа што за овој ДУП нема обезбедено позитивно мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион што е обврска согласно член 17 од Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и кое мислење треба да биде составен дел на СОЖС. Предметниот ДУП се носи согласно Генералниот урбанистички план за Град Охрид за 2002-2012 кој веќе е застарен и најважно, не е усогласен со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029) што државата (и општина Охрид како имател на доброто и носител на урбанистичките планови), имаат обврска да го направат согласно препораките на УНЕСКО“, посочуваат од „Охрид SOS“.

Истовремено се потсетува дека Планот за управување не се почитува со максимално искористување на дозволена катност и процент на изграденост, а дополнително, урбанизацијата со тој ДУП е директно на штета на автентичноста и интегритетот на културното наследство.

„Планот за управување ‘забранува окрупнување, односно создавање вештачка комбинација на неколку парцели за да се изгради голема градба’, а со предлог-ДУП за ‘Маларична’, се врши спојување на дури 14 катастарски парцели во една градежна парцела, со цел оформување на огромен станбен објект“, пишуваат од „Охрид SOS“ во реакцијата и нагласуваат на одредбите од Планот за управување според кои новите градби во втората и третата урбана зона (каде се наоѓа предметниот опфат) „треба да исполнат специфични аспекти со кои ќе бидат испочитувани културните вредности и традиции на историската област, како и условите на постојните структури.“

Со таквото однесување на надлежните во Општина Охрид, укажуваат од „Охрид SOS“, јасно е дека апсолутно е игнорира Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион (2020–2029).

Со објавување на впишаните објекти на посочените парцели од „Охрид SOS“ посочуваат дека со ДУП од 2023 година, за разлика од планот изготвен во 2008 година, освен станбениот објект што сега е зголемен во обем, се изменети и катастарските парцели на основното училиште и градинката, а вцртани се нови објекти на местото на старата училишна зграда и објектот на детската градинка, што се објекти кои припаѓаат на македонското модерно архитектонско наследство.

Дополнително, од „Охрид SOS“ реагираат и на процедурата на донесување нов Детален урбанистички план за односниот опфат, со забелешка дека има недоследности во изготвувањето на Стратегиската оценка за влијанието врз животната средина.

„Ваквото однесување на Општина Охрид и градоначалникот е спротивно на основните начела на добро управување и административната практика и создава сомнеж за обид за злоупотреба на постапката. Затоа, потсетуваме и бараме, транспарентна постапка, зачувување на охридската архитектура од различни периоди на дваесеттиот век, почитување на интегритетот на централното подрачје на Охрид и следење на законите и со закон обврзувачката Конвенција за светско наследство“, посочуваат од „Охрид SOS“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Најмалку 490 илјади руски војници загинале од почетокот на војната во Украина пред речиси пет години.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си.

Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група.

Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвави битки во војната.

Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Две финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани.

Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва.

Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер