„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
1„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
Шоу биз„Оејзис“ со концерти во Лондон, првпат по 16 годиниБританскиот поп-рок состав „Оејзис“ (Oasis) се враќаат во Лондон заради своите први настапи таму по повеќе од 16 години. Имено, по серијата свирки во „Хитон парк“ дома во Манчестер, групата, составена од браќата Лијам и Ноел Галагер, ќе се качи на сцената на стадионот „Вембли“ в петок. Дуото ја објави својата долгоочекувана турнеја откако повторно се собраа во август минатата година. Инаку, познато е дека Ноел самиот излезе од групата во 2009 година, по тепачка зад сцената на фестивал во Париз, Франција. Настапот на „Вембли“ е прв по оној на 12 јули 2009 година. Вечерва е закажан првиот од седумте концерти. Инаку, вечерта ќе ја најават рок-групата „Каст“ (Cast), и пејачот од некогашниот состав „Верв“ - Ричард Ешкрофт. Следните настапи во Лондон се на 26. и 30 јули, па на 2. и 3 август, по што следат концертите во Единбург, Шкотска, и Даблин, Ирска. Составот се враќа на „Вембли“ на 27. и 28 септември. Потоа бендот настапува и во Јапонија, Јужна Кореја, па Јужна Америка, Австралија и Северна Америка. Формиран во Манчестер во 1991 година, поп-рок составот го предводат главниот гитарист Ноел и главниот вокалист Лијам. Тие имаа хит-песни како „Don't Look Back In Anger“, „Champagne Supernova“, „Wonderwall“ и „Live Forever“. Последниот студиски албум на бендот - „Dig Out Your Soul“ беше издаден во 2008 година, само неколку месеци пред расправијата во Париз. Тагови: Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Култура„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во УмагПо успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при. По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината. Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз. Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар. Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Тагови: Анна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook