„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО) - Канал 5

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Првиот трејлер за долгоочекуваниот нов филм на познатиот режисер Кристофер Нолан, „Одисеја“, имаше експлозивен почеток, собрајќи неверојатни 121,4 милиони прегледи за само 24 часа од објавувањето.

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови.

Успех што го засени Опенхајмер

Интересно е што трејлерот за „Одисеја“ постигна двојно поголем резултат од трејлерот за претходниот блокбастер на Нолан, „Опенхајмер“. Ваквиот скок на гледаноста јасно сигнализира дека очекувањата на обожавателите за новиот проект на Нолан се на рекордно високо ниво, поттикнати од неговата репутација за создавање визуелно импресивни и интелектуално стимулирачки филмови.

Да ве потсетиме дека на 17 јули 2025 година, точно една година пред премиерата, беа пуштени во продажба билетите за проекциите на „Одисеја“ во IMAX формат, омилениот начин на прикажување филмови на Нолан. Речиси сите билети беа распродадени во рок од еден ден, а препродавачите веќе ги нудат по цени над 200 долари.

YouTube video

Иако деталите за заплетот на филмот сè уште се обвиткани во тајност, толку силната почетна реакција го потврдува статусот на Нолан како еден од ретките режисери чие име само по себе предизвикува огромен интерес од глобалната публика. Филмската индустрија сега со нетрпение чека да види дали „Одисеја“ ќе го продолжи својот успех и ќе ги надмине своите претходници. „Одисеја“ пристигнува во кината на 17 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантна состојба во македонските затвори: Во „Идризово“ еден лекар за 691 лице

Еден лекар на речиси 700 затвореници во Идризово, недостиг од медицински персонал и отежнат пристап до лекување. 

Алармантна состојба во македонските затвори: Во „Идризово“ еден лекар за 691 лице

Ова се дел од клучните наоди во извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедување на здравствена заштита во казнено-поправните установи, кој опфаќа 11 установи во Македонија.

„ Само присуство на лекар или амбулата не гарантира достапност, во дел од установите персоналот не доаѓа повремено, а постојат непополнети или несистематизирани работни места. Во Идризово, според извештајот еден лекар опслужува приближно 691 лице, а една сестра/техничар околу 461 лице. Скринингот за заразни болести, вацинацијата, периодичните прегледи и систематското следење на хроничните заболувања не се воспоставени подеднакво“-- Заменик народен правобранител Соња Трифуновска.

Но проблемите не се ограничуваат само на недостигот од лекари. Отежнат е и пристапот до специјалистички прегледи поради недостиг од возила и персонал за спровод. Во дел од установите терапијата ја распределуваат затворски службеници, а набавката на лекови понекогаш паѓа на товар на семејствата.

Условите за здравствена заштита не се исти во сите затвори. Извештајот покажува дека дел од установите се соочуваат со сериозни проблеми во обезбедувањето медицинска помош.

„ Во извештајот се наведува дека седум установи се пренатрупани, седум имаат постојан здравствен персонал, додека четири се потпираат на периодични здравствени услуги или дежурства по повик. Ниту една установа не обезбедува здравствена заштита 24 часа дневно“– Килиан Вал, амбасадор на ОБСЕ.

Амбасадорот Вал посочи дека целта е да се намалат прекините во лекувањето и да се обезбеди пристап до препишаните лекови, без разлика на финансиската состојба на затворениците.

Редовните прегледи, вакцинацијата и следењето на хроничните заболувања можат да придонесат за подобри здравствени резултати.

Правата од здравствена заштита кај затворениците се загаранитирани со закон. Извештајот на правобранителот покажува дека законот не се спроведува во затворите. Правобранителот со повик до сите институции за спроведување на конкретни мерки и еднаков пристап до медицинска помош на осудениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на  злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки,

Прагот за набакви на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Очекувањата на властите се дека измените кои се дел од Реформската агенда, ќе ги поедностават постапките, ќе ги намалат административните трошоци и ќе придонесат за поквалитетно трошење на јавните пари.

Сепак, од граѓанскиот сектор реагираат дека измените биле донесени без јавни консултации, ниту била објавена анализа која би го оправдала двојното зголемување на праговите.

-Не беше консултирана, да кажам, ниту стручната експертска јавност, граѓанскиот сектор. Ние поради тоа испративме еден допис до Собранието протестирајќи против таквиот начин на изработка на измените и на донесувањето, меѓутоа ништо не се случи во меѓувреме. Потребна е анализа којашто покажала дека треба двојно да се зголеми прагот. Значи, како е одредено дека од 1.000 евра сега е 2.000 евра? Да видиме анализа, да прочитаме дали е тоа изработено врз основа на некоја анализа или така е, паушално,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Измените предвидуваат и примена на критериумот цена – квалитет, односно при изборот на понудите да не се одлучува само според најниската цена, туку и според квалитетот што се добива. Предвидено е и унапредување на дигитализацијата и користење на вештачката интелегенција за анализа на податоци и препознавање ризични образци.

- Со примена на нови алатки и механизми како што е и вештачката интелигенција, може дополнително да се утврдуваат тие, да кажам, ризични процеси, ризични моменти во јавните набавки, како што се сега црвените знамиња, и дополнително тоа да значи, да кажам, некаква брана, некакви механизми за намалување на злоупотребите во јавните набавки,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Според граѓанскиот сектор и адвокатската комора, спорни се и измените во жалбените постапки со кои надоместоците за жалби се зголемуват од 50 до 200, на 150 до 600 евра, а фирмите нема да можат да ги надоместат адвокатските трошоци дури и кога би докажале дека жалбата им е основана. Адвокатите предупредуваат дека ова може да ги обесхрабри фирмите да ги оспоруваат спорните тендери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација во редовен работен однос по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски целта е да им се помогне на илјадници лица кои со години работат со државните и јавните институции на определено време, а немаат како што рече сигурност на работното место, ги немаат сите права на платен одмор, социјално и пензиско осигурување.

- Станува збор за лица ангажирани со договори на определено време, договори на дело, авторски договори, преку агенции за привремени вработувања и други договори за извршување работа. Со решението се опфаќаат органите на државната власт, определени јавни установи од областа на здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции утврдени со законот, изјави - Бојан Стојаноски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата, кажа Стојаноски.

Законот предвидува институциите да не смеат да ги раскинуваат договорите на опфатените лица додека не стапат во сила нивните решенија за вработување, освен во случаите на повреда на договорните обврски согласно законот.

-Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Притоа, трансформацијата ќе се реализира фазно. За најмногу 50 проценти од опфатените лица, договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување. За преостанатите лица, договорите и решенијата ќе стапат во сила најдоцна до 31 декември 2027 година, објасни Стојаноски.

Од законското решение предвидени се и конкретни исклучоци. Изземени се акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, како и високообразовните и научните установи. Од листата исто така изземени се МВР Агенциите за национална безбедност и за разузнавање, БЈБ и уште неколку други.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер