Шоу бизСедум златни статуетки за филмот „Опенхајмер“ во режија на Кристофер НоланОпенхајмер е најдоброто достигнување на 96-тото доделување на Оскарите. Филмот во режија на Кристофер Нолан на синоќешната свеченост на американската Академија за филмски уметности и науки, „собра“ дури седум оскари. Приказната за креаторот на атомската бомба, според љубителите на филмот, веќе подолго време е фаворит и доминацијата на доделувањето на Оскарите не е за изненадување. Килијан Марфи кој ја освои наградата за најдобра улога, не го криеше задоволството од овој успех. -Снимавме филм за човекот кој ја создаде атомската бомба, и во добро и во лошо. Сите живееме во светот на Опенхајмер, па би сакал да им го посветам ова на сите миротворци насекаде Покрај награда за главна улоца, „Бедни суштества“ доби оскар и за најдобра споредна машка улога, монтажа, кинематографија, фотографија и најдобра авторска музика. Филмот „Бедни суштества“ пак освои четири статуетки, а оскарот за главна женска улога отиде кај Ема Стоун. -Не се работи за мене, туку се работи за целиот тим кој се собра за да направи нешто што ќе го достигне својот врв. Тоа е најдоброто нешто во правењето на филмовите. Роберт Дауни Помладиот и Двејн Рендолф добија оскари за најдобра споредна машка и женска улога, а оскар за краток анимиран филм го доби „Војната не е завршена“ на Шон Ленон. „Момчето и чапјата“ доби оскар за долгометражен анимиран филм, а „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер доби оскар за најдобар меѓународен филм. Филмот „Дваесет дена во Мариопол“ беше награден за најдобар документарец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 5. октомври 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 5. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје Во секој случај, следува подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје Забавувајте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанче Тошковски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБилјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар Богојески во „Само вистини со Александар“Вечерва во „Само вистини со Александар“ гости ќе бидат Билјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05