„Њујорк тајмс“: Русија му испoрачува на Иран напредни системи за противвоздушна одбрана - Канал 5

„Њујорк тајмс“: Русија му испoрачува на Иран напредни системи за противвоздушна одбрана

Две ирански официјални лица изјавија дека Техеран побарал од Русија напредни системи за противвоздушна одбрана додека Исламската Република се подготвува за можна војна со Израел, јави весникот „Њујорк Тајмс“.

„Њујорк тајмс“: Русија му испoрачува на Иран напредни системи за противвоздушна одбрана

Информацијата беше објавена еден ден по посетата на секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, на Техеран.

„Двајца ирански владини функционери запознаени со военото планирање, од кои еден е припадник на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, потврдија дека Иран го поднел барањето и додале дека Русија почнала да испорачува напредни радари и опрема за противвоздушна одбрана“, пишува американскиот весник .

Врховниот лидер на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, му нареди на Иран да изврши директен напад врз Израел, откако лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханија беше убиен во Техеран, каде што присуствуваше на церемонијата на инаугурација на новиот претседател Масуд Пезешкијан.

Американските и израелските власти соопштија дека очекуваат Иран и неговите сојузнички вооружени групи во регионот да извршат голем и координиран напад врз Израел. Милициите познати како „оската на отпорот“ ги вклучуваат Хезболах во Либан и Хутите во Јемен.

На снимката објавена од иранската државна телевизија се гледаат Шојгу и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Мохамад Багери, како приватно разговараат, а потоа учествуваат на состанокот на руската делегација со иранската војска.

-Подготвени сме за целосна соработка со Иран за регионални прашања, изјави Шојгу, цитиран од иранските државни медиуми, додека генерал Багери изјави дека „билатералните односи се длабоки, долгорочни и стратешки“ и додаде дека очекува да се прошират.

„Њујорк Тајмс“ забележува дека Русија има и економски и културни врски со Израел, каде што живеат многу руски Евреи, но, меѓутоа, некои аналитичари велат дека Москва не може да си дозволи да ја одбие побараната помош од Иран бидејќи премногу се потпира на иранските беспилотни летала за војната во Украина.

„Ако Иранците бараат од Русите противвоздушна одбрана, тие ќе ги заработат нивните чипови“, рече за американското издание Колин П. Кларк, директор за политика и истражување во консултантската компанија за разузнавање и безбедност „Суфан груп“. „Прашањето е како Русите да го задоволат Техеран без да ги нарушат односите со Израел“, додаде американскиот експерт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.

Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на власта

Со трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.

Конститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на власта

140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот.

А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад.

По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ.

-Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. ,

Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција.

-Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети.

-Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата.

А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт.

-Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија

-Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија

Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата..

-Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград.

-Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград.

Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис

Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. 

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис

Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина.

Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир.

Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер