Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
2Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
3 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
Култура„Несоодветно за на работа“-драмска премиера на „Охридско лето“Драмски театар од Скопје вечерва на „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе претставата „Несоодветно за на работа“ од современата британска драмска авторка Луси Кирквуд.Претставата „Несоодветно за на работа“ е во режија на еден од најдобрите холивудски режисери и актери Доналд Ворен Мофет. Драматург на претставата е Викторија Рангелова Петровска, сценограф Константин Трпеноски, а асистент на сцеографот е Зоран Петровски. Костимографијата ја изработи Александар Ношпал, кореограф е Кренаре Невзати, а преводот од англиски јазик го направи Благоја Бошковски. Низ серија екстремно луцидни, и за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајот, медиумско секојдневие, во „Несоодветно за на работа“ Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни и/или амбициозни соучеснички во борбата чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена и во која единствената сатисфакција произлегува од продолжувањето на патријархално-капиталистичкиот тренд на концентрација и задржување на парите односно моќта и искачувањето по корпоративната вертикала. Како што истакна на денешната прес-конференција режисерот Доналд Ворен Мофет, Драмскиот театар од Скопје е извонреден театарски ансамбл којшто се карактеризира со длабока посветеност и извонреден талент во работењето. -Ми претставува огромно задоволство што сум овде, во прекрасниот Охрид. Знам дека овде се родила кириличната азбука. Среќен сум што работам во Македонија, што ја започнав Викторија Рангелова Петровска. Првпат работам претстава во која имам улога на режисер на странски јазик и мислам дека сработивме одлична работа со екипата на Драмски театар Скопје. Би сакал да се вратам повторно овде и да работам со Драмскиот театар кој според мене е неоткриен скапоцен камен. Актерите покажуваат длабока посветеност и извонрееден талент во работата што ја работат, рече Мофет на прес-конференцијата. Според драмутургот на претставата, Викторија Рангелова-Петровска, програмската определба на Драмски театар се движи кон промоција на современа светска драматургија и соработка со различни типови на режисерски пристапи и различни типови на режисерски концепции, со што, според неа, и актерската екипа добива повеќе можности , меѓу кои подигнувањето на квалитетот на самите претстави и продукции, како и овозможувањето поинаква театарска естетика. -Соработката со Мофет беше зачудувачки добра. Тој е полиглот, има одлично уво за јазик и многу брзо ги совлада неколкуте важни работи околу македонскиот јазик земајќи часови по јазик за да може да има подобра комуникација со актерите. Што се однесува до начинот на работа, тој е прилично прецизен, некогаш и многу математички прецизен во однос на ритамот на претставата која што треба да ја има, математички прецизен во однос на тоа каде и кој треба да биде поставен на сцената, изјави Рангелова Петровска. Според директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, од огромно значење за самиот фестивал е носењето премиери во рамките на драмската програма. -Она што може да го очекува театарската публика се актуелни општествени прашања и превирања. Тематско покривање на проблемите и прашањата на маргинализираните општествни групи во современиот театар кое е сеприсутно од повеќе причини, потребата од општествено ангажиран театар кој има за цел да поттикне на размислување и да провоцира јавно мислење, и став за прашања блиски до маргинизираните општествени групи, истакна Поповиќ на денешната прес-конференција. Во „Несоодветно за на работа“ што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, улогите ги играат Зоран Љутков, Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Дамјан Цветановски и Стефан Вијусиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени локални врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска владаПоразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦЕСИД и ИПСОС покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во народното собрание. Според проекциите, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници. Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter