„Неее... замина најдобрата“ - Бројни јавни личности се збогуваат од славната Тина Тарнер - Канал 5

„Неее... замина најдобрата“ - Бројни јавни личности се збогуваат од славната Тина Тарнер

Еве како членовите на светскиот шоу бизнис реагираа на веста за смртта легендарната пејачка на многу светски хитови Тина Тарнер! 

„Неее... замина најдобрата“ - Бројни јавни личности се збогуваат од славната Тина Тарнер

Славната пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во близина на Цирих, Швајцарија, соопшти портпаролот на светската музичка ѕвезда.

Бројни јавни личности се збогуваат со познатата пејачка. Нивните пораки се полни со љубов и благодарност.

Нејзиниот претставник во соопштение до јавноста напиша:

„Тина Тарнер, кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“, пренесува news.sky.com.

"Едноставно најдобра. РИП Г-ѓа Тарнер. Те сакав и те сакам. Ти благодарам. Бог да ве благослови", напиша мегапопуларната актерката Сара Џесика Паркер, започнувајќи ја пораката со насловот на легендарната песна на Тина Тарнер.

„Оваа жена обедини сè“.

-Талент. Радост. Милост. Класа. Каква легенда во секој поглед. Нејзината музика живее. Нејзините лекции живеат. Нејзиниот пример живее. Молитви до нејзиниот сопруг и семејството. Бог да те благослови Тина. Нека ѝ е вечна слава“, напиша актерката Рита Вилсон.

Актерката Дијана Кригер ја изрази својата тага поради смртта на Тина Тарнер со еден збор: „Нееееее“.

„Почивај во мир, легендарна Тина Тарнер. Ги урна сите бариери за жените и уметниците ширум светот. Твојот талент беше единствен. Засекогаш ќе го ценам времето што го поминавме заедно. Џани и јас те сакавме, како и цел свет“, напиша на Инстаграм дизајнерката и креативна директорка на модната куќа „Версаче“ Донатела Версаче, објавувајќи слики од неа и нејзиниот брат Џани Версаче со славната пејачка.

„Почивај во мир Тина Тарнер, таква инспирација и пример за тоа што значи да се биде силна жена, за мене и за многу други“, рече Синди Крафорд.

Легендарниот Мик Џегер напиша: „Толку сум тажен што почина мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Таа беше навистина неверојатно талентирана изведувачка и пејачка. Инспиративна, нежна, смешна, дарежлива, ми помогна многу кога бев млад и јас никогаш нема да го заборавам тоа."

„Изгубивме една од најенергичните и највозбудливите изведувачи. Легенда на музиката и сцената. Беше недопирлива“, изјави Елтон Џон.

Анџела Басет рече: „Тина Тарнер им покажа на другите кои живеат во страв како треба да изгледа убава иднина исполнета со љубов, сочувство и слобода“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Светската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на  новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. 

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура.

На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака:

Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X.

Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.

Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик.

„Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ.

Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд.

Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер