„НаТочак" предлага 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје - Канал 5

„НаТочак" предлага 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје

„НаТочак" веќе девет години се занимава со анализа и мерки на унапредување на велосипедскиот сообраќај во главниот град, но и на безбедноста, одржлив развој, урбанизам, градови за луѓе и сродни области. 

„НаТочак" предлага 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје

Здружението за урбан велосипедизам „НаТочак" бара од претендентите за место во локалната власт во Скопје и скопските општини, без разлика дали се претставници на политички партии или настапуваат независно, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед.

„НаТочак" смета дека идната локална власт треба да заземе посериозен пристап со фокус на 10 конкретни точки кои ги наведуваат, а кои се однесуваат на ослободување на тротоарите и јавниот простор, непрекината и достапна велосипедска мрежа, нула жртви во сообраќај и „зона 30" на територија на целиот град каде нема издвоени велосипедски патеки, практични и безбедни паркинзи за велосипеди, стандардизирање на планирањето и проектирањето на велосипедската инфраструктура, денови без автомобили, посеопфатно и поразновидно субвенционирање на велосипеди како и систем за изнајмување, целосно искористување на потенцијалот на кејот на Вардар како велосипедска магистрала, промена на сообраќајниот систем на Скопје.

Овие десет точки ќе ги испратат до сите кандидати на локалните избори за Град Скопје и скопските општини веднаш штом ДИК официјално ги објави официјалните учесници, а најавуваат и дека ќе направат и евалуација на понудените програми на сите политички партии и независни кандидати, согласно точките од листата.

„НаТочак" веќе девет години се занимава со анализа и мерки на унапредување на велосипедскиот сообраќај во главниот град, но и на безбедноста, одржлив развој, урбанизам, градови за луѓе и сродни области. Велат дека предложените мерки се во насока на креирање на диверзитет на транспортните опции, но и редица други придобивки од здравствена, урбана и еколошка природа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска база

Петмина мажи се уапсени под сомнение за подготовка на терористички напад со експлозивни направи  откако беа пријавени три „сомнителни возила“ кои се движеле кон база на Кралските воздухопловни сили, соопшти полицијата.

Британската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска база

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничените планирале да нанесат „голема штета“ и дека биле под истрага на британските и американските власти.

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека бил во контакт со својот американски колега Пит Хегсет..Во меѓувреме, министерството за одбрана на САД го зголеми нивото на закана во базата во Сафолк - каде што се наоѓа 48-то борбено крило на американските воздухопловни сили - на втора највисока категорија.

Полицијата, сè уште јавно не соопшти кој, според нивните проценки, бил вмешан во случајот. Како најверојатен се смета мотивот поврзан со Иран, изјави извор запознаен со истрагата, додека се разгледуваат и можностите за руска саботажа или заговор од страна на исламисти, јавува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека околу базата е поставен безбедносен кордон во радиус од 400 метри, додека тимот за отстранување експлозивни направи ги прегледува комбињата.

Жителите на 85 куќи во блиското село се евакуирани, а вооружени полицајци патролираа на локацијата.Британската влада, им даде дозвола на САД да ги користат бомбардерите стационирани во Ферфорд за напади врз иранските ракетни позиции што гаѓаа бродови во Ормускиот теснец

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа сè уште е глобален играч?“. Предвидено е Претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на Сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург, наведуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Таа синоќа присуствувавше на свечениот прием за учесниците на самитот, приреден од градот Салцбург и сојузната покраина Салцбург. Претседателката вчера се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Австрија.

Таа ги информираше за националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Според Управата за хидрометеролошки работи  денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер